Vesti

25

Согласно со Одлуката на НБРМ за најнискиот апоен во денарите во прометот ("Сл. Весник на РМ", бр. 54/12), Македонија од 1 јануари 2013 ќе се збогува со ДЕНИТЕ од евиденцијата на деловните книги.

На 1 јануари  2013, доколку имавте во PANTHEON заокружување во дени,  треба да се промени на заокружување на цел број на излезните документи  што се издаваат во земјата.

Евентуалните разлики од процесот на заокружување на цел број ќе се евидентираат како паритетни разлики, односно приходи\расходи од заокружување.

Заокружувањето во Пантеон се врши по следното правило:
01 - 49 дени= 0 денари
50 - 99 дени = 1 денар
 

Напоменуваме дека калкулациите, елементите во пресметките со повеќе ставки можат да содржат децимали, како и во главната книга, но збировите на крајот на сметката (фактура, фискална) треба да завршуваат на цел број.

ДОКОЛКУ ИМАТЕ ЗАОКРУЖУВАЊЕ ВО ДЕНИ КОНТАКТИРАЈТЕ ГО ВАШИОТ  ПАРТНЕР ЗА ПОДДРШКА  ЗА ДА ЈА НАПРАВИ ПРОМЕНАТА НА ВРЕМЕ ВО PANTHEON.

  • Од 01.01.2013 - македонските ДЕНИ се надвор од употреба

Zadnja sprememba: 29. 12. 2012 @ 11:01

Komentiraj

Trenutno ni komentarjev. Bodi prvi!

Napiši komentar

Samo registrovani korisnici mogu postavljati komentare .

Add Content...