četrtek, 31. januar 2013 @ 17:38 –
PANTHEON™ –
Ema Toševska

3

ПРИДРУЖЕТЕ СЕ ВО РЕГИОНАЛНАТА ТРКА!
Во Даталаб се приближуваме кон 30.000-от корисник, компанија која својот бизнис го води успешно со помош на деловно-информациониот систем Pantheon. Нашата цел е да и овозможиме на секоја компанија во регионот, односно на нејзините вработени да работат на најдобриот деловно-информационен систем. Со секој чекор сме се поблиску до целта и нашиот пат кон целта сакаме да го продолжиме со вас, почитувани корисници!
30.000-от Pantheon корисник ќе освои една бесплатна лиценца Pantheon и годишна надградба за истата!
САМО ДВА ЧЕКОРИ ВЕ ДЕЛАТ ОД НАГРАДАТА!
Сте купиле Pantheon лиценца/и во периодот од 1. до 28.2.2013?
Знаете ли кој број на наш Pantheon корисник ќе биде вашата компанија во регионот со купување на Pantheon лиценцата?
Освојте награда!
Три компании со најточните и најбрзите одговори можат да освојат 30%, 20% или 10% од вредноста на платениот износ за бројот на лиценци кои ги купиле во февруари!
СЛЕДЕТЕ ГИ УПАТСТВАТА:
- Проверите дали се наоѓате на нашата корисничка страна U-SITE во државата во која сте купиле лиценца. (За купена лиценца во Македонија, кликнете горе десно на Земја (Country) и кликнете го македонското знаме)
- Проверете дали сте логирани на корисничката страна (десно горе кликнете на Логирајте се, а доколку претходно никогаш не се имате најавено, тогаш морате прво да се Регистрирате)
- На оваа вест, оставете коментар во облик:
ИМЕТО НА ВАШАТА КОМПАНИЈА + БРОЈОТ НА КОРИСНИК, кој број мислите дека е Вашата компанија како наш Pantheon корисник со купување на лиценца/и во месец февруари. Имате право на толку одговори, колку бројот на лиценци кои сте ги купиле во февруари.
Пример со купување на една лиценца:
Компанија д.о.о 29.653
Пример со купување на повеќе лиценци (пр. 3)
Компанија д.о.о 29.653, 29.660, 29.573
Секоја компанија дава по еден коментар и за валиден коментар се зема првиот оставен коментар од страна на секоја компанија – без разлика кој пред таа компанија оставил коментар.
Право на учество имаат сите купувачи на Pantheon лиценца во месец февруари – без разлика дали сте веќе наш корисник или купувате Pantheon по прв пат. (напомена до веќе постоечките корисници на Pantheon: Треба да го погодувате бројот за кој Pantheon корисник сте постанале со купување на додатната лиценца/и во февруари).
3 компании со најточните и најбрзите одговори можат да освојат 30%, 20% или 10% од вредноста на платениот износ за бројот на лиценци кои ги купиле во февруари!
По објавувањето на наградените компании , во месец март победниците ќе добијат писмено одобрение за 30%, 20% или 10% од вредноста на платениот износ.
Акцијата трае до 28.2.2013.
Имињата на наградените компании ќе бидат објавени на 04.03.2013 на U-SITE
За повеќе информации побарајте не на 02 / 3079-231 или emat@datalab.com.mk
СРЕЌНО И ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО USERSITE ЗАЕДНИЦАТА!
Zadnja sprememba: 8. 3. 2013 @ 16:22