petek, 08. marec 2013 @ 15:50 –
PANTHEON™ –
Ema Toševska

1

30.000-от корисник се придружи на PANTHEON заедницата!
Во Даталаб, една од најголемите и најуспешните регионални ИТ компании за развој на деловен софтвер, на 27.02.2013 година го доби својот 30.000-ти корисник.
Им се заблагодаруваме на сите наши деловни партнери а пред се на нашите корисници, кои ни ја дадоа својата доверба и се наша секојдневна мотивација за да целосно се посветиме на развивање уште подобар PANTHEON за Вас!
“Посебно ме радува идејата од ‘97 година, да на малите и средни претпријатија мора да им дадеме алатка со која ќе можат да бидат конкуретни на големите претпријатија, денес да го добие својот 30.000-ти корисник.”
Андреј Мертељ, извршен директор на Даталаб Технологија д.д.
30.000-от корисник во регионот!
Добитник на една бесплатна лиценца и договор за надоградба на истата!
“Сакам да се заблагодарам на наградата и верувам дека со поддршка на програмот PANTHEON и со наша посветеност ќе успееме да ја развиеме фирмата Pansport-Banja Luka на начин и големина како што веќе успеавме да го направиме тоа во Србија. Компанијата во Србија веќе неколку години работи со деловното решение PANTHEON и бидејќи сме задоволни корисници, решивме да го користиме истиот програм и во новоотворената фирма во Босна и Херцеговина. Секое добро Ви посакувам и на вас и на нас како и долг успех во понатамошното работење.”
Г-дин Геза Кураи, директор на Pansport д.о.о.
Нашата следна цел – да и овозможиме на секоја компанија во регионот односно на нејзините вработени да работат на најдобриот деловно информационен софтвер – секој ден сме се поблиску!
Успехот е резултат на напорна работа и верба во нашата компанија, кој ни овозможи да преживееме и да оствариме раст и во моменталнава ситуација на економска криза. Во иднина очекуваме уште поголем број на компании и секогаш се радуваме на секој наш нов корисник, кој своето работење ќе го оптимизира со помош на PANTHEON!

- 1997: Нашата посветеност уште од 1997 година е насочена кон развој на ефикасен деловно-информационен систем, кој овозможува следење на целокупното работење и преглед на сите процеси во рамките на една компанија. Брзи и ажурни податоци се од суштинско значење за опстанок на компаниите, бидејќи својата способност за опстанок може да ја развиваат и одржуваат само со помош на информациони системи.
- 2000: Ги добивме првите 1000 корисници.
- 2004: PANTHEON е имплементиран кај првите 5000 корисници.
- 2006: Само две години подоцна, за PANTHEON се одлучува и 10.000-от корисник.
- 2008: PANTHEON го користат повеќе од 15.000 корисници.
- 2010: На PANTHEON заедницата се придружува и 20.000-от корисник.
- 2011: Крајот на 2011 година, PANTHEON заедницата брои 25.000 корисници.
- 27.02.2013: PANTHEON заедницата го добива својот 30.000-ти корисник!
ВИ БЛАГОДАРИМЕ!
Zadnja sprememba: 15. 3. 2013 @ 14:53