torek, 25. junij 2013 @ 16:27 –
Dogodki –
Ema Toševska

0
Сашо Јовановски, директорот на ДЛ МК на отварањето на CEED-Молдавија
Центарот за Развој на Претприемачи и Менаџери (ЦЕЕД), со промотивен настан на 19.06.2013 отвори центар во Кишенев, Молдавија.
Сашо Јовановски, директорот на Даталаб МК беше еден од говорниците на настанот. Како ментор и учесник во Top Class програмите на ЦЕЕД, тој говореше за своето позитивно искуство во ЦЕЕД Македонија и ги споделии знаењата со тамошните ментори.
Со отворањето на Центарот во Кишенев, ЦЕЕД Молдавија стана дел од интернационалната мрежа со канцеларии во Македонија, Србија, Бугарија, Косово, Албанија, Словенија, Романија, Црна Гора, Полска, Босна и Херцеговина, Ерменија, Бангладеш, САД.

Повеќе за настанот може да погледнете тука.
Zadnja sprememba: 30. 8. 2013 @ 09:59