05 декември 2014 г. @ 12:49 –
Događaji –
Anica Milanova

0
На ден 05.11.2014 во рамки на саемот "Агрофуд", Даталаб МК заедно со Федерацијата на Фармери на Македонија (ФФРМ) организираа конференција „Менаџирање на фарма преку информатички – комуникациски технологии (позитивни примери)".
Настанот беше отворен од страна на претседателот на ФФРМ и директорката Емилија Манасиов од Даталаб МК. На настанот Ивана Атанасова од Даталаб МК ги презентираше ИКТ технологиите како неопходен елемент во секојдневното работење на денешниот фармер за развој на земјоделството и за аплицирање за финансиски поддршки, како и можноста за полесно управување на фармата во различните потсектори на земјоделството. Дополнително Ивана го презентира и решението Pantheon Farming како единствено решение од својот тип во регионот и позитивните практики од неговите имплементации.

Конференцијата е дел од проектот Агро ИТ проектот, со кој се воспоставува платформа во неколку земји од ЕУ и која обединува клучни апликации, технологии и услуги, софтверски и мобилни апликации за менаџирање на фарма овозможувајќи управување на фарма преку компјутерска програма.
Zadnja sprememba: 5. 12. 2014 @ 15:16