Носител на трошоци
Cost Centers
|
 |
|


Шифрарникот за носител на трошоци овозможува едноставно здружување на поставките за приходи, расходи, трошоци, примени и издадени сметки, нарачки на добавувачи и купувачи, плати и патни трошоци, со податоци за шифри на носители на трошоци во поединечните документи или нивните позиции. На тој начин може да се направи анализа на успешноста за одреден продажен артикал, проект, во зависност од значењето кое е доделено на носителот на трошок. Таква дефиниција за содржината на носителот на трошок зависи од дејноста на претпријатието.
- Кај производни претпријатија носител на трошок е поединечен артикал кој го продава претпријатието, посебно за производство по нарачка. За креирање различни посткалкулации и дополнителни анализи, може поединечните артикли да се поврзат со користење на шифрата на носителот на трошок. Кај слични производи има смисол употреба на еден носител на трошок за одредена група производи.
- Кај услужни претпријатија носител на трошок е обично некој проект со одреден рок на траење, каде што за контрола на трошоците не интересира анализа на добиени и потрошени средства. Понатаму, претпријатија кои даваат повеќе видови на услуги, тие може да се групираат со помош на носители на трошок и на тој начин да се овозможи преглед на успешноста на одреден сегмент од работењето на претпријатието.
Документ може да се поврзе со носител на трошок на два начина:
- со избор на носител на трошок во самиот документ. Ако на пример во нарачка од купувач во позицијата означиме дека се однесува на избрана шифра на носител на трошок, таква нарачка автоматски ќе биде вклучена во прегледот за тој носител на трошок.
- со поставките за носител на трошок, каде во соодветниот прозорец се одберат документите кои се уште не се поврзани со носител на трошок. Ако на пример, избереме позиција во нарачка од купувач од отворените (неповрзани) позиции, документот ќе биде поврзан со носителот на трошок. Шифрата ќе биде запишана во позицијата на таа нарачка и ќе се употребува во натамоишната обработка.
Поврзани теми:
 |
За натамошна распределба на трошоци и приходи по носители на трошок погледнете во поглевјето Ključevi za raspodjelu.
|