Побарувања/ обврски
Receivables / Payables
Овој извештај може да се користи за приказ на различни финансиски движења, како:
- отворени ставки
- доспеани отворени ставки на конкретен ден во минатото, од различни добавувачи и купувачи
- дебитни трансакции,
- кредитни трансакции,
- дебитно салдо
- кредитно салдо за купувачи во минатото, на конкретен дефиниран датум.

|
Конто купувачи
|
|
Внес на конто на купувачи. Доколку има повеќе конта, тогаш истите се разделуваат со точка запирка |
|
Конто добавувачи
|
|
Внес на конто на добавувачи. Доколку има повеќе конта, тогаш истите се разделуваат со точка запирка |
| Прикажи за купувачи |
|
Број на податоци кои ќе се прикажат, на пр. -1 означува приказ на сите купувачи, додека пак 10 значи приказ на топ 10 купувачи. |
| Прикажи за добавувачи |
|
Број на податоци кои ќе се прикажат, на пр. -1 означува приказ на сите добавувачи, додека пак 10 значи приказ на топ 10 добавувачи. |
| Сума за останати ( купувачи) |
|
Програмот прикажува сума на сите останати купувачи во една изразена вредност. Оваа опција е доспапна за избор, само доколку претходната поставка не е -1, односно не се однесува за сите купувачи. |
| Сума за останати (добавувачи) |
|
Програмот прикажува сума на сите останати добавуачи во една изразена вредност. Оваа опција е доспапна за избор, само доколку претходната поставка не е -1, односно не се однесува за сите добавувачи. |
| Сортира купувачи; Сортира добавувачи |
|
Избор на тип на сортирање од опаѓачкото мени. Возможни се две опции: По опаѓачко и по растечко салдо.
Пример 1: Приказ на 10 купувачи и сортирање на истите по опаѓачко салдо и исто така означена е доспеани отворени ставки. Во извештајот се добива приказ на првите 10 купувачи кои имаат најголем долг во дефинираниот период на самиот извештај.
Пример 2: Приказ на 10 купувачи, сортирани по растечко салд, со означена колона дебитни трансакции, за последните 6 месеци. Во извештајот се добива приказ на 10 купувачи по растечко салдо на долг, во последните 6 месеци од датумот на креирање на извештајот.
|
| Сортира по |
|
Приказот на податоци, може да се сортира според приказ на обврски и побарувања. Доколку е означено ова подесување, редот во самиот извештај ќе се обои во сиво. |
| Обврски |
|
Оваа поставка е поврзана со поставката за сортирањ по. Доколку полето е означено и е означена колоната за побарувања, извештајот примарно ќе биде сортиран по опаѓачко салдо во табот Обврски. |
| Побарувања |
|
Оваа поставка е поврзана со поставката за сортирањ по. Доколку полето е означено и е означена колоната за побарувања, извештајот примарно ќе биде сортиран по опаѓачко салдо во табот Побарувања. |
| Вид на приказ |
|
Од опаѓачкото мени се одбира една од следните можности: Отворени ставки, доспеани отворени ставки, Промет должи, Промет побарува, салдо должи и салдо побарува. Со ова, се формираат колоните во извештајот. |
| Временска рамка |
|
Избор на временска рамка од опаѓачкото мени ( месец, ден, квартал) |
| Бр. |
|
Внес на бр на единици за преглед ( Со внес на вредност -3 во редовите Промет должи и Промет побарува, Програмот прикажува податоци за 3 месеци наназад, од датумот на креирање на извештајот). За подетални информации, препорачуваме да се користи Интервал - Ден. |
| Уважи датум |
|
Избор на тип на датум од опаѓачкото мени:

|
| Прикажи удел за побарувања |
|
Приказ на процентуален удел во вкупната вредност. |
| Пркажи удел за обврски |
|
Приказ на процентуален удел во вкупната вредност. |
 |
Дефинирањето на Уважи датум, влијае само на дебитните и кредитните трансакции и на дебитните и кредитните салда. Истото не влијае на отворените ставки и доспеаните отворени ставки.
|
За подетални објаснувања, погледнете го следниот линк Обврски/ Побарувања