Договор за лиценца на крајниот корисник
Овој договор за лиценца на крајниот корисник е правен договор помеѓу корисникот на Софтверот (без разлика дали се работи за физичко или правно лице) и Datalab Технологија d. d., Љубљана , Словениа, Сопственикот и носителот на авторските права на Софтверот DataLab PANTHEON.
Овој Софтвер е составен од:
-
фајлови кои содржат програмски код во форма на изворен код, составувачки код или извршни код, како и потенцијална база на податоци користена за определена работа на програмот или објаснување на работата,
-
процедури и методи на работата ,
-
потенцијален носител за чување на податоците кој ги содржи фајловите, и
-
испринтана, електронска, или on-line документација.
Со инсталирањето, користењето, копирањето или друга употреба на Софтверот на компјутер, вие се согласувате да бидете обрзани на условите на овој договор.
Ако не се согласувате со условите на договорот за лиценца на крајниот корисник, тогаш не го инсталирајте или употребувате овој софтвер. Вратете се на местото на купување на софтверот за да си ги вратите парите.
Овој Софтвер е авторски производ и интелектуална сопственост и поради тоа е заштитен со интернационални договори, авторски права и сродни правни акти и со кривичниот законик на Република Словениа. Овој производ е лиценциран, не е продаден.
Дозвола за користење на лиценцата
Овој договор ви ги доделува следниве права.
Употреба
Можете да го употребувате Софтверов или негов дел или модул на многу компјутери додека ја имате лиценцата за него или негов дел или модул што сте го набавиле .
Заштитна копија
Можете да направите неограничен број на заштитни копии на овој софтвер, обезбедување заштитни односно резервни копии е со цел да спречите загуба на податоците и неупотреба на истите.
Правно усогласување
Како корисник можете да бидете слободни да барате усогласување во однос на наплатата на Софтверот со законот кој е на сила на денот на купување на лиценцата внатре во одредбите и oдредениот програм за користење.
Во случај законот да се смени во рамките на седум (7) години од купувањето на лиценцата, Сопственикот треба за корисникот да го усогласи барањето за Софтверот со новиот закон во закнски утврдено време ако овие промени не се дел од подобрувања или нови верзии на Софтверот. Сопственикот може да бара надомест за промените од овој тип.
Подршка
Како корисник вие имате право за бесплатна телефонска подршка во рок од тридесет (30) дена. Тридесет дневниот период започнува на денот на купување на лиценцата . Подршката е обезбедена од страна на Сопственикот или неговиот овластен застапник одобрен во договорот.
По изминувањето на почетниотт 30-дневен период , вие имате право да ја продолжите подршката за која Сопственикот или неговиот овластен застапник може да бара надомест. Со продолжување на подршката вие не сте обрзани на овластениот застапник одобрен во договорот.
Можен дополнителен софтвер или негов дел или модул примен во текот на подршката се смета како дел од Софтверот покриен со договорот.
Информација добиена од страна на Сопственикот или неговиот одобрен застапник во текот на подршката може да биде употребен од страна на Сопственикот за деловни цели вклучувајќи подршка и развој. Сопственикот нема да ја користи добиената информација на начин на кој може да се открие идентитетот на корисникот.
Пренос
Како корисник можете да ги пренесете правата од договорот, обезбедувајќи(a) ниту една копија од Софтверот да не се задржува (b) се од софтверот е преносливо, вклучувајќи ги медиумите за комуникација, документацијата, и фајлови (исклучувајќи ја базата на податоци внесена од корисникот) и (c) добивање група согласности да се прифатат одредбите на договорот . Ако софтверот е наградба на претходните верзии преносот мора да ги вклучи истите.
Дополнителни одредби
Надградба
Надградба на Софтвер е подобрување, усовршување или нова верзија на Софтверот која го заменува или дополнува лиценцираниот Софтвер и која има стекнато лиценца на начин како што е утврдено од страна на Сопственикот. Користењето на новата верзија е дозволено само во согласност со одредбите на договорот. Новата верзија може да биде користена или пренесена само како дел од Софтверот и не може да се користи одделно или на различен компјутер.
Права на интелектуална сопственост
Сите права на интелектуална сопственост за и внатре во софтверот (вклучувајќи , без ограничување , сите слики , фотографии анимации, ,видеа, музика, текст и фајлови ) и поврзаната документација се сопственост на Сопственикот или неговите набавувачи. Корисникот мора да управува со Софтверот како со секој друг копиран материјал со икслучоци. (a)да го инсталира и/или користи Софтверот на многу комјутерски системи кои имаат стекнато лиценци , (b) да се прават резервни копиии и (c) да се зачува оригиналната медиа вклучувајќи го Софтверот за безбедност или архивирање цели. Корисникот може да не ја копира печатената документација што е придружана или е дел од Софтверот.
Ограниченост на Гаранцијата
Сопственикот гарантира дека:
-
Софтверот ќе работи во рамките на одредбите и опфатениот програм за користење во рок од (90) дена од денот на стекнување на лиценцата и .
-
целиот хардвер што го придружува Софтверот ќе биде употреблив во рок од 1( година) од стекнување на лиценцата .
Дефектот на Софтверот е однесување на истиот кое не во зависност со функициите опишани во упастството, базата на знаење или други публикувани достапни документи .
Сопственикот ќе ги поправи Дефектите откриени во Софтверот. Оваа обрска на Управителот се смета за исполнета ако Дефектот е среден во подобрувањето на Софтверот односно во новата верзија на него. Дефектите средени во новата верзија не ги менуваат условите на Надградувањето.
Исклучок во однос на Ограниченоста на Обрските
Посебната одговорност на Сопственикот и единственото право на Корисникот за надомест е изложено во " Гаранцијата" и е прашање на сопствен избор на Сопственикот во однос на
-
враќање на куповната цена што сте ја платиле за набавување на лиценцата или ,
-
Поправка или замена на Софтверот и/или на хардверот што го придружува откако Корисникот ќе го врати на Сопственикот
Сопственикот не е одговорен за штетите настанати како резултат на непочитување на Гаранцијата поради несреќи, злоупотреба или несодветна употреба.
Поправевениот или заменет Софтвер или негов дел или модул е обезбеден со нова Гаранција подолго од следниве периоди:
-
тридесет (30) дена, или
-
до истекот на основната Гаранција
Без други Гаранции
Сопственикот одбива било какви други гаранции, итна или индиректна, вклучувајќи, но не ограничувајќи ја, гаранцијата за употреба и/или способноста за посебна цел на Софтверот или негов дел или модул.
Без одговорност за настаната штета
Во никој случај Сопственикот и неговите добавувачи ќе бидат одговорни за било какви штети( вклучувајќи, но не ограничувајќи, пропуштени деловни можности, или добивки, прекинувања на работата, губење на податоците) кои произлегуваат од употребата на Софтверот, дури и да Сопственикот бил известен за овој можен исход .
Како и да е, Одговорноста на Сопственикот се сведува на износот на куповната цена платена од страна на корисникот за стекнување со лиценцата.
Законско Регулирање и Судска Надлежност
Овој договор е регулиран со законот на Словениа.
Окружниот суд во Љубљана, Словениа е судски надлежен околу споровите кои произлегуваат од договоротt