ВРАБОТЕНИ
Модулот Вработени е наменет за управување со сите задолжителни податоци за вработените, Тие податоци ги користиме во продолжение за изработка на патните налози.
Се состои од листа на работниците и фомри за внес на нов работник.
ЛИСТА НА ВРАБОТЕНИ
На првата страница се наоѓа листата на сите работници кои веќе се внесени во базата на податоци. Работниците во прозорот за пребарување, може да се пребаруваат по име, презиме, матичен број, адреса и оддел.

На секоја колона има можност за сортирање и филтрирање на работниците.

На лентата со алатки во десниот агол, се наѓаат две копчиња, Нов вработен и Бриши.

Со клик на копчето Нов вработен, се отвара прозор за внес на нов работник.
НОВ РАБОТНИК
За внес на нов работник, се отвара прозорец за внес на податоци. Податоците се делат на основни податоци, живеалиште, податоци за раѓање и останати податоци.

Активен |
Ако работникот е вработен, се означува како активен. |
Шифра |
Шифра на вработениот, кој може да се припише во полињата име и презиме. |
Матичен бр./ID |
Матичен број или ID број на работникот во претпријатието. Ова не е ЕМБГ, туку број кој го добива варботениот во евиденцијата на вработени во претпријатието.številka delavca v podjetju. Matična oz ID številka ni EMŠO številka zaposlenega, ampak številka, ki jo dobi zaposleni v podjetju kot evidenčno/ID številko. Во случај ID бројот да биде удвоен (веќе постои), програмата не известува за тоа. |
Име |
Име на работникот, податокот може да се пренесе од шифрата на вработениот. |
Презиме |
Презиме на работникот, податокот може да се пренесе од шифрата на вработениот. |
Статус |
Од паѓачкото мени изберете го статусот на вработениот, што може да биде:
- Поранешни вработени
- Хонорарни
- Приправник
- Приправник
- Редовно - дефинитивно
- Редовно - неопределено
- Стипендист
- Студент
- Во пензија
- Надворешен соработник
Користиме статуси за да контролираме различни видови деловни активности во нашата компанија.
|
Работно место |
Наменето е за управување со работното место на работникот, за да можеме да водиме историја на движењата на вработените во компанијата. |
Оддел |
Одделот на кој припаѓа работникот |
ЕМБГ |
Внесуваме единствен матичен број на граѓани, односно вработени. За странец, внесете го матичниот број на странецот.
|
Даночен број |
Изберете префикс за кодот на земјата од менито, до кој може да се пристапи со двоен клик.
Внесете даночен број на работникот. |
Пол |
Од паѓачкото мени изберете го полот на вработениот |
Државјанство |
Од паѓачкото мени изберете ја националноста на вработениот |
Адреса |
адресата на живеење на работникот |
Пошта |
Од паѓачкото мени, изберете го поштенскиот код на местото на живеење на работникот. Името на местото се прикажува автоматски. |
Држава |
Од паѓачкото мени изберете ја земјата на живеење на работникот |
Датум на раѓање |
Изберете го датумот на раѓање од паѓачкото мени. Кога ќе го внесете точниот ЕМБГ, ова поле се пополнува автоматски. |
Место на раѓање |
Името на местото се прикажува автоматски според внесениот поштенски код. Локацијата може дополнително да се менува без оглед на внесената пошта. |
Држава на раѓање |
Од паѓачкото мени изберете ја земјата во која е роден работникот. |
Рег. бр. на возило |
Од Регистарот на возила, изберете број за регистрација на автомобил на вработен. Тука можеме да ги избереме само оние рег.бр. возила наведени како активни во Регистарот на возила. |
Службено возило |
Доколку се работи за службено возило и ако сме го внеле во регистарот на основни средства, може да се избере од менито.
Податоците се користат во патни налози.
|
Кога внесуваме вработен, ги зачувуваме податоците со копчето Зачувај.