Поднесување барања за отсуства, работни обврски и друго

Претходно подготвениот еПроцес Поднесување барања за отсуства, работни обврски и друго му овозможува на работникот односно корисникот да поднесе барање за годишен одмор, боледување и какви било други барања (пристигнување подоцна на работа, промена на смена...). Овие барања потоа може да ги надгледува претпоставениот во PANTHEON Web Light, да ги одобри или одбие.
еПроцесот се одвива во следните чекори:
1. еПроцесот ги проверува поднесените барања на вработените, ги вчитува претпоставените и испраќа е-пошта до нив.
2. Проверува за каков тип на отсуство се работи и му нуди на претпоставениот опција да го потврди/одбие барањето
3. Го запишува резултатот од барањето и го известува работникот за тоа по е-пошта.

 |
СОВЕТ
Прикажавме кориснички пример за поднесување барање за отсуство во Прирачникот за користење на PANTHEON Web light во поглавјето Поднесување барање за отсуство.
|
Сѐ со цел еПроцесот за испраќање барања во временски записи и гранули за снимање време да работи правилно, мора да се дефинираат следните поставки:
Во Подесувања l Евиденција на време во полето Режим на работно време се избира режим.
Во полето Датум се дефинира датумот на започнување на режимот на работно време.

На корисникот преку Промена на лозинка l Поставки за ел. пошта секој корисник ги внесува поставките за испраќање и примање е-пошта заедно со неговото корисничко име и лозинка:

Видете повеќе за поставките во поглавјето Подесувања за е-пошта:

Во Кадри l Основни податоци l Податоци за контакт под типот Е- Примарна адреса на ел. пошта одговорното лице ја внесува адресата на е-пошта на вработениот:

Во PANTHEON во персоналната мапа на вработениот, го избираме контактот на вработениот кој е поврзан со партнерот (во принцип, субјектот е Нашата компанија).

 |
ВНИМАНИЕ
Контактот мора да биде поврзан и со Корисникот!
|
Во Кадри l Основни податоци во полето Менаџер се избира претпоставен за секој вработен.

Во PANTHEON, за еПроцесот се доделуваат овластувања за Внесување отсуство за претпоставени кои сè уште немаат овластувања за внесување отсуства:
