Заглавие на Промена на цена

Заглавието за промена на цената ги содржи најважните информации за документот. Користете го копчето Tab за да се движите помеѓу полињата.
Број на документ
|
Во полето Број на документ, можете да изберете од претходно подготвени видови документи.
 |
ВНИМАНИЕ
Авторизациите за Видови на документи се поставени во PANTHEON. Повеќе за подесувањата за авторизации можете да прочитате во поглавјето Поставување авторизации за видови на документи.
|
|
Складиште
|
Го избираме складиштето во кое ја вршиме промената на цената. Програмата потоа го наоѓа статусот на залиха во ова складиште и го пресметува влијанието на промената на цената.
Складиштето е задолжителна информација во новиот документ за промена на цената.
|
Оддел
|
Доколку е потребно, го избираме одделот одговорен за овој промет.
|
Статус
|
Кога ќе го потврдиме документот за промена на цената, тој автоматски добива ознака или статус Одобрено. Со кликнување на копчето Потврди, новите цени се пренесуваат во шифрарникот на иденти.
|
Број
|
Единствен број на документ, и тоа: двоцифрена шифра на година, трицифрена шифра на видот на документ (исто како во шифрарникот на видови документи) и шестцифрен сериски број. Бројот се генерира автоматски од програмата и не може да се промени. Нумерирањето на документи е возможно само со сет лиценци LT, LX, SE, ME и MF.
Стрелките лоцирани на овој прозорец ви дозволуваат да се движите помеѓу последователни записи (претходен, следен).
|