Наше претпријатие |
Од шифрарникот на партнери се одбира со ентер претпријатието. Од овде се дефинира од каде програмот ќе ги влече податоците за матичен и ДДВ број, шифра на дејност итн.
|
Директор |
Дефинира директор на претпријатието од шифрарникот на партнери. |
Датум на влез во програм |
Датум кога е влезено во програм (празно поле значи тековен датум). |
Манување на одговорно лице |
Програмот го поставува најавениот корисник како лице кое работи со документите. Или корисник од шифрарникот на партнери дефиниран како одоговорно лице од партнерот за кој ќе се креира документот. За да се дефинира дали сте авторизирани да менувате одоговорно лице на документите, може да се одбере од следните опции:
- Дозволено - Имате дозвола за менување одговорно лице на сите документи;
- Не е дозволено - Немате дозовла за менување одговорно лице на било кој документ;
- Одредено при вид на документ - Во овој случај програмот во видови документи прикажува додатно (Менување одговорно лице). Доколку се одбере, програмот ви ќе дозволи, менување на одговорно лице во поединечен документ.
|
Контрола на датумот кај влез |
Се одбира оваа опција доколку сакате програмот да ја проверува датата кога сте најавени. Ова е многу важна опција, бидејќи ако е одбрана, програмот ќе проверува дали документите се дуплицирани, посебно примените фактури. |
Наша валута |
Се одбира локалната валута од шифрарникот на валути. Валутата што овде се одбира ќе биде видлива на пример во продажните документи. |
Минимална должина на лозинка |
Се одредува минималната должина на лозинката за програмот. Програмот ги користи податоците од поставките за корисничка лозинка.
Должината на лозинката се поставува од 0 до 10 карактери. Ако е прекратка програмот ќе јави порака (мора да биде барем XX карактери). |
НБРМ |
Се одбира банка за курсна листа при конверзија на странска во локална валута при автоматско праќање (примени и издадени фактури итн). |
 НБРМ - царина |
Се одбира банка за курсна листа при конверзија на приеми и издавања на документи од царинско складиште. |
Банка ценовник |
Се одбира банка за курсна листа при конверзија на ценовник и калкулација на продажна цена во документи за издавање (доколку цената е во странска валута). |
Наша држава |
Се одбира држава каде што е седиштето на претпријатието. |
Вид на претпријатие |
Се одбира вид на претпријатие. Постојат опциите:
- П - Правно лице
- Ф - Физичко лице
- И - Компанија со бенефиции
- С - Самостоен работник
Видот на одбрано претпријатие ќе се прикаже во Административна конзола | Подесувања | Кадри | Плати (Основни подесувања) - податоци кои се однесуваат на пресметката на плата.
|
Приказ број на документи |
Се дефинира број на цифри за приказ во шифра на документ:
Година: две цифри (пример 20) В.Д.: Вид на документ (пример 390 - Збирно издавање) Број: Секвенционален (редоследен) број на документ (пример 00001). |
При авторизација на нос. на трошоци не прикажувај неавторизирани записи |
Се одбира оваа опција доколку не сакате програмот да ги прикажува носителите на трошок за кои корисникот не е авторизиран.
Во овој случај корисникот нема да може да ги гледа линиите во исписите што содржат носители на трошок за кои нема авторизации.
|
При авторизација на оддели не прикажува неавторизирани записи |
Со оваа опција не се прикажуваат оддели за кои корисникот нема авторизации.
Во овој случај корисникот нема да може да ги гледа линиите во исписите што содржат оддели за кои нема авторизации.
|
Кај избирање на носител на трошоци пополни оддел |
Со оваа опција програмот за избраниот носител на трошок во документот автоматски додава соодветен оддел.
Ако се одбере носител на трошок во оддел за кој вработениот не е авторизиран, програмот ќе го остави полето оддел празно.
|
Ограничен избор на носител на трошок во однос на оддел |
Со оваа опција програмот за избраниот оддел во линијата на документот нуди само носител на трошок дефиниран во шифрарникот за неговите општи поставки. |
Дозволено креирање на нови документи
(во години, -1 = без контрола) |
Програмот ќе ги запишува документите во база во формат YY-VRD-NNNNNN, каде:
YY - е 2-цифрен код за година;
VRD - е 3-цифрен код за тип на документ;
NNNNNN - е 6-цифрен код за редоследни броеви на документи;
Со овој параметар се дефинира година во која е дозволено креирање нови документи или менување на постојни:
-1 - без контрола
0 - само во тековна година (според поставките за системскиот датум на компјутерот);
N - N години пред и после датумот на компјутерот;
Доколку се внесе датум кој не одговара на избраниот критериум, програмот дава грешка Внесениот датум за креирање документи е невалиден!
|
Дел. година различна од календарската |
Со оваа опција програмот доволува работа на документи кои се со година различна од тековната календарска. |