Издавање на материјал

Формуларот Издавање на материјал е наменет за евидентирање на издадената количина на материјал и производственото кало од материјалит.
Во формуларот се прикажани податоци за работниот налог (РН) и избраната материјалната позиција, како и податоци за планираните или преостанатите количини. Содржи поле за внесување на датумот на издавање на материјалот, полиња за внесување на количините на издадениот материјал и распоред на производството и поле за внесување забелешки за издавањето.
По внесувањето на податоците, го потврдуваме издавањето. По потврдата, се креиррат соодветни документи за издавање, кои се веднаш видливи во PANTHEON.
Формуларот се отвора со избирање од менито Производство | Работен налог MF и со кликнување на една од Картичките за работен налог. Потоа кликнете на картичката Материјали. Во списокот, изберете ја Картичката за материјали за која сакате да ја пријавите издадената количина.

Подолу е опис на полињата и функционалноста на формуларот.
|
Содржина
- Лента со алатки
- Заглавие
- Пријавени податоци
|
1. Лента со алатки
Лентата со алатки на формуларот за издавање на материјал го прикажува името на формуларот и следните копчиња:
| Потврда |
Со кликнување на копчето ги зачувуваме внесените податоци за издадениот материјал за поединечна материјална позиција. По потврдата, се креира поврзан документ на издаток на материјал. |
| X (Затвори) |
Со кликнување на копчето, го затвораме формуларот и се враќаме во формуларот Материјали. |
2. Заглавие
Во заглавието на формуларот има полиња со податоци за РН и позицијата на материјалот за која известуваме:
| Број |
Полето го содржи бројот на избраниот РН. |
| Позиција |
Полето го содржи бројот на позицијата на материјалот од спецификацијата на готовиот производ. |
| Материјал |
Полето го содржи името на идентот на материјалот од шифрарникот на иденти. |
| Датум |
Полето го содржи датумот на издавање на материјалот. Може да се промени со внесување или избирање датум од прикажаниот календар. |
3. Пријавени податоци
Во главниот дел од формуларот има полиња за пријавување на количините на издаден материјал со следните податоци:
| Количина |
Внесете ја количината на издадениот материјал во полето. На десната страна од полето има податоци за планираната или сè уште потребната количина на материјал и мерната единица. |
| Отпадок |
Внесете ја количината на отпадок од производството во полето. На десната страна од полето има податоци за планираната или сè уште потребната количина и мерната единица. |
| Кало |
Внесете ја количината на кало од производството во полето. На десната страна од полето има податоци за планираната или сè уште потребната количина и мерната единица. |
| Забелешка |
Во полето внесете произволен текст за забелешката при издавањето на материјалот. По потврдата, текстот е видлив во издадениот документ. |
| Слика |
Полето ја покажува сликата на идентот (материјалот) ако се додадена во шифрарникот на иденти. |