КАДРИ
Во модулот Кадри се наоѓаат податоци за работниците. Под истиот модул се наѓаат и налозите за службени патувања и листа на возила кои се користат на патувањата.
Кога ќе кликнете на Кадри, на екранот најпрво се прикажува листата на работници. Во овој дел внесуваме податоци за работниците.

Листата содржи податоци за шифрите, матичните броеви, презимињата и имињата, адресите, одделите и статусот на вработените.
Веднаш на почетокот има квадрат
кој е наменет за постапката за бришење на вработените, што значи ако го потврдиме
можеме да го избришеме вработениот.
Кога ќе кликнете на копчето за бришење, кое се наоѓа во горниот десен агол, се прикажува порака.

Доколку потврдиме, програмот не прашува дали сакаме да ги избришеме и податоците за партнерот, поради тоа што вработениот е исто тка впишан во шифрарникот на партнери.

Ако потврдиме, сите податоци за вработениот ќе бидат избришани.