Алтернативи

Основната спецификација во PANTHEON ни нуди можност за користење Алтернативи со кои можеме да ја поедноставиме и забрзаме работата за подготовка на производство.
Во продолжение ќе го илустрираме методот на креирање нова алтернатива на производ во основната спецификација.
 |
ОПИС НА ПРИМЕРОТ:
Петар Производител ќе додаде нова алтернатива ЛАРА МАТЕРИЈАЛ 2 на спецификацијата на идентот ЛАРА 3 и ќе додаде позиции на истиот начин како и во претходните случаи. Тоа го прави според следнава постапка:
- Отварање на спецификации
- Додавање алтернативи
- Додавање позиции
- Приказ на алтернативи
|
1. Отварање на спецификации
Одговорното лице за отворање на Спецификација на производите избира Подесувања | Производство | Спецификација | Основна спецификација.
Во пребарувачот во лентата со алатки корисникот го бара идентот ЛАРА3 и, со избирање на идентот, ја отвора поврзаната спецификација.
2. Додавање алтернативи
На левата страна од прозорецот стои разгранетата структура на спецификација. Во структурата, сите нивоа на спецификација и алтернативи се видливи според избраниот филтер над структурата.

За додадавање нови Алтернативи корисникот со десен клик на глувчето кликнува на празното место во прозорецот Структура на спецификација и во прозорецот избира Додај алтернатива.

Се отвора нов празен подобразец Алтернатива , каде во полето Алтернатива се внесува бројот на алтернативата и името на алтернативата ЛАРА МАТЕРИЈАЛ 2.
Поставете Статус на Потврдено и изберете Метод на терминирање По технолошки постапки.
Со маркирање на Акт. и кликнување на зелената штиклирка ја активира и зачувува алтернативата. Алтернативата е веднаш видлива во разгранетата структура.

 |
СОВЕТ
Алтернативите може да се користат во PANTHEON на два начина, со една активна алтернатива или повеќе активни алтернативи. Можете да прочитате повеќе за ова во поглавјето Алтернативи во спецификација.
|
 |
СОВЕТ
Во PANTHEON, како алтернатива, можно е да се додаде фантомска спецификација на основната спецификација. При креирањето работни налози од основната спецификација, фантомската спецификација ќе се додава само во форма на позиции и за тоа нема да се креира посебен работен налог.
Можете да прочитате повеќе за ова во поглавјето Фантом - невидлива спецификација.
|
3. Додавање позиции
Одговорното лице додава позиции за Алтернатива на ист начин како и во претходните примери. При внес на позицијата, мора да внимава да го избере точниот број на алтернативи од паѓачката листа со кои материјалот или работната операција се поврзани.

4. Приказ на алтернативи
При изборот на картичката Спецификација, се прикажуваат само позициите на активната алтернатива.
Ако корисникот сака да ги види позициите на сите алтернативи, кликнува на кое било место во полето со десен клик на глувчето и избира Прикажи ги сите алтернативи од листата.

Сега позициите на сите алтернативи се видливи во списокот.
