Основно средство е ликвидирано.
IRIS 1004272 - Основни средства .... е ликвидирано

Програмата јавува горното известување кога сакаме да ги менуваме податоците на панелот Движење за средство, кое веќе е ликвидирано.
На располагање имаме три опции:
- да откажеме дејствието и податоците на панелот Движење нема да бидат променети,
- да продолжиме со работата и покрај предупредувањето или
- да отвориме упатства за корисници.