Пресметка на ДДВ
Пресметка на ДДВ
 |
При пресметката на ДДВ, генерално се земаат во предвид три параметри: Типови на иденти, Типови на документи и Статуси на документи. Пресметката на ДДВ се врши за целиот пресметковен период и за сите фактури во тој период. |
За да се пресмета ДДВ за одреден период, најпрво е потребно да се креира нов ред за пресметка. За таа цел се користат копчињата за навигација или копчето
на тастатурата.

Период ОД
|
Период (година и месец) од кој се врши пресметка на ДДВ за соодветниот ред. Се внесува во формат YYYY-MM.
|
Период ДО
|
Период (година и месец) до кој се врши пресметка на ДДВ за соодветниот ред. Се внесува во формат YYYY-MM.
|
Пример 1: Месечен ДДВ Обврзник
- Период ОД: 2016-10
- Период ДО: 2016-10
Пример 2: Квартален ДДВ Обврзник
- Период ОД: 2016-07
- Период ДО: 2016-09
Пред програмот да дозволи да се меморира внесениот период за пресметка, прави логична проверка дали периодот е правилно внесен. Ако не е правилно внесен, ќе јави една од следните пораки:
- Периодот ОД треба да биде поголем од претходната пресметка
- Периодот ОД треба да биде поголем или еднаков од Периодот ДО
- Периодот ДО треба да биде помал од претходната пресметка
|
Датум
|
Датум кога се креира ДДВ пријавата. По default се појавува денешниот датум.
|
Тип
|
Избор на форма на ДДВ пријава. Секој тип претстатува одредена верзија на ДДВ пријавата, според датумите на кои се воведени законските промени.
|
Заклучен
|
Со селектирање на оваа опција се врши затворање на пресметката на ДДВ и ДДВ периодот. Кога ќе се поднесе ДДВ пријавата, се врши ова заклучување, по што сите документи од овој ДДВ период веќе не можат да се менуваат. Доколку се обидете да направиме некаква промена, програмот јавува грешка дека ДДВ периодот е веќе заклучен.
|
Удел
|
Зададената вредност во ова поле е 1. Уделите помали од 1 се користат во компании кај кои само дел од нивните активности подлежат на ДДВ.
|
Нумерички полиња
|
Нумеричките полиња ги прикажуваат соодветните полиња во ДДВ пријавата.
|
Повраток
|
Оваа опција ја означуваме доколу сакаме поврат на ДДВ. На крајот на пресметковниот период, доколку влезното ДДВ е поголемо од излезното, можеме да бараме поврат на средствата.
Доколку оваа опција не е означена, износот на разликата ќе биде трансфериран за следниот пресметковен период.
|
Пресметка
|
Пресметката на ДДВ не може да се изврши доколку не се внесени податоци за пресметковниот период (Период од-до). Доколку ова не е направено, системот јавува порака: Најпрво отворете нова пресметка!
Доколку при пресметката на ДДВ, се јават некои грешки, тие можат да се видат во табот Грешки.
Кога пресметката е завршена без никакви грешки, програмот јавува порака: Пресметката на ДДВ е успешно завршена! Доколку јави некакви грешки, тогаш програмот автоматски го отвара табот Грешки.
|
ДДВ
|
Со помош на ова копче добиваме приказ на ДДВ Образецот.
|
Книжење
|
Со помош на ова копче се повикува форма за книжење на пресметаното ДДВ за означениот ДДВ период. Книжењето се врши според подесениот предлог за автоматско книжење на ДДВ.
|
 |
Програмот не дозволува да се врши промена на документи кои што имаат Датум на ДДВ од затворен ДДВ период. Во тој случај програмот јавува порака: ДДВ периодот е заклучен! Доколку сакате да извршите промена на документите, претходно треба да го промените статусот на ДДВ периодот, односно да го отклучите. |
 |
Затворен ДДВ период не смее да се менува доколку ДДВ пријавата за тој период е веќе поднесена во УЈП.
|
 |
Доколку пресметката за одреден период е веќе направена, и подоцна се извршени некакви промени во материјалните документи, мора повторно да се пушти пресметка за да направените промени се евидентираат во образецот. |