Шифрарници

Шифрарниците му овозможуваат на корисникот да управува со програмата PANTHEON полесно, побрзо и поправилно. Со помош на шифрарниците, ги прилагодуваме поставките во програмата што овозможуваат структурирана работа и следење на процесот на компанијата.
Подготвивме корисни инструкции за вас за полесно да ја разберете подготовката на шифрарниците и поврзаните подесувања. Ги поделивме на следните поглавја:
Иденти |
Компанијата Текта врши широк спектар на активности. За секојдневните деловни активности, потребни и се материјали и стоки од добавувачи, продажба на сопствени производи како и нудење на различни услуги. Материјалите, стоките, услугите, производите во PANTHEON се нарекуваат Иденти. Во ова поглавје е претставен Шифрарник на иденти преку пример за креирање на нови иденти и поврзани подесувања.
|
Партнери |
Компанијата Текта работи со различни деловни партнери на домашниот пазар и во странство. Деловните партнери се внесуваат во Шифрарникот на Партнери во PANTHEON. Во ова поглавје е претставен Шифрарник на партнери преку пример за креирање на нови партнери и поврзани подесувања.
|
Календари |
Календарите овозможуваат транспарентна организација на работата во компанијата. Во PANTHEON може да се креираат неколку типови на календари. Во ова поглавје, подготвивме за вас презентација на календари и пример за главните и работните календари во компанијата Текта и нивните поврзани подесувања.
|
Човечки ресурси |
Вработените во Tecta се доделени на различни оддели. Тие се вработени во компанијата со различен работен однос. Тие имаат Персонални мапи. Во ова поглавје, ја претставуваме организационата шема на компанијата Текта и одделите. Покрај генералните информации, подготвивме и примери за креирање оддеи и работни позиции.
|
Сметководство |
Компанијата Текта имаат внатрешно сметководство. Водат двојно книговодство. Во ова поглавје, ве запознаваме со шифрарници со кои работат во сметководството: контен план, даночни тарифи, носители на трошоци, основни средства и ситен инвентар. За вас подготвивме и примери за создавање на ново основно средство и носител на трошок.
|
Складишта
|
Складиштата се клучен дел од текот на материјалите и добрата во Текта. Компанијата има повеќе дејности: производство, набавка, продажба, сервис, ... Магацините се поврзани меѓу себе бидејќи имаат преноси. Во ова поглавје ги презентираме складиштата во компанијата Текта, пример за создавање на ново складиште и основни примери за функционалност при работа со складишта во PANTHEON.
|
Производство
|
Компанијата Tекта произведува шатори од сопствен бренд. Во ова поглавје, ви го претставуваме MF-производство во PANTHEON преку примерот на компанијата Текта и основни примери за создавање нов ресурс и работен налог.
|
Видови документи
|
Видови документи овозможуваат структурирано собирање и снимање на документи во PANTHEON. Бројот и видот на документот зависи од деловните процеси во компанијата. Во ова поглавје, подготвивме за вас презентација за видови документи врз основа на примерот на компанијата Текта и основен пример за креирање нов вид на документ и поврзани подесувања.
|
Увоз на шифрарник
|
Шифрарниците ги содржат основите информации за работењето на секоја компанија. Една компанија користи шифрарници уште на почетокот на бизнисот или кога се префрла на употреба на деловно -информативна програма. Во PANTHEON имаме неколку различни шифрарници. Корисниците можат да увезуваат шифрарници од веб-сервер или Excel табела. Во ова поглавје, го презентираме процесот на увоз на шифранти и шаблони за веб-сервер и Excel преку пример.
|