
Креирање документa набавка
Во ова поглавје ќе ви претставиме креирање документa набавка од нарачка до добавувачот. Документите од нарачката на добавувачите ги креираме со Чаробникот, нарачките ги наоѓаме во Списокот на нарачки до добавувачите. Чаробникот ни овозможува брзо и едноставно креирање документa набавка директно од нарачка до добавувачот.
 |
ОПИС НА ПРИМЕРОТ
Одговорната личност сака да ја преземе нарачката: 22-0200-000002 од добавувачот JUKI Sewing Machines Ltd во материјално складиште. Тоа го прави така што ја избира соодветната нарачка од добавувачот и користи чаробник за креирање документa. Избира вид на документ и проверува датуми. На крајот проверува поврзувања меѓу документите. Тоа го прави по следните чекори:
- Избор на нарачка од добавувачот
- Користење на Чаробникот
- Креирање документa набавка
- Поврзани документи
|
1. Избор на нарачка од добавувачот
Одговорната личност во главното мени избира модул Нарачки/Понуди и избира подмодул Список на нарачки.

Одговорната личност во полето Пребарување внесува назив: JUKI.
Како резултат на пребарувањето се појавуваат нарачките до избраниот добавувач.
Од списокот избира нарачка: 22-0200-000002 и ја отвора со клик на бројот на документот.

Одговорната личност внесува на табот Основни податоци, во полето Поврзан документ, бројот на фактурата: 22-0000015 и датумот: 29.3.2022.

2. Користење на Чаробникот
Одговорната личност кликнува на стрелката на копчето
(Чаробници) и избира Креирај документ.

Се отвора прозорец за креирање документa од нарачка до добавувачот.
3. Креирање документa набавка
Одговорната личност на табот Креирај документ, во полето Вид на документ избира документ: 1000 - Набавка - Материјално складиште.
Проверува полја Датум, Датум на фактура и Дат. ДДВ и остава подразбирачки тековен датум.
Кликнува на копчето Креирај документ.

По креирањето на документот се отвора друг таб, Статистика на пренос, кој прикажува податоци за пренесените идентификации и аванси од документот на нарачката до добавувачот.

Одговорната личност го затвора прозорецот и се отвора прозорец со бројот на креираниот документ, кој може да го отвори со клик на копчето Отвори.

 |
СОВЕТ
Програмата PANTHEON има во овој чекор вградени контроли за креирање документи, како што се контрола на залихи, складишта, задолжителен внес на податоци и слично.
Програмата известува за предупредување, ако не е поставено складиште, ако нарачката веќе е испратена или делумно испратена или ако не е внесен задолжителен поврзан документ.
|
Се отвора ново креираниот документ.
4. Поврзани документи
Одговорната личност сака да провери поврзувања меѓу документите.
Се отвора табот Поврзано во десниот горен агол на ново креираниот документ: 22-1000-000013, покрај табот Основни податоци.
Се прикажува поврзаниот документ на нарачката до добавувачот: 22-0200-000002, од кој е креиран документот за набавка.
СЛИКА
Одговорната личност го отвора документот со клик на бројот на нарачката.
 |
СОВЕТ
И поврзаниот документ на нарачката до добавувачот има меѓу поврзаните документи пречка, преку која лесно се пристапува до креираниот документ за набавка.
|