
Кориснички прирачник за PANTHEON Web
Кориснички прирачник за PANTHEON Web
Добре дојдовте во корисничкиот прирачник за PANTHEON Web!
PANTHEON Web е семејство на онлајн апликации на системот PANTHEON ERP кое е едноставно за користење. Веб-производите на PANTHEON ви овозможуваат да управувате со различни аспекти на вашиот бизнис и да пристапите до вашите деловни податоци во секое време и каде било доколку имате пристап до интернет, во зависност од производот што го користите.
Овде, корисничкиот прирачник ја опишува работата и функционалностите со користење на примери.
PANTHEON Web семејството се состои од следниве производи:
 |
PANTHEON Web Light е едноставен онлајн ERP систем кој ви овозможува да управувате со сите вообичаени деловни процеси. Прочитајте ги одговорите на често поставувани прашања или одете до одредени модули кадешто може да најдете примери на употреба.
|

|
PANTHEON Web Terminal, првенствено дизајниран за употреба на таблет, им овозможува на корисниците брзо и лесно да прегледуваат и креираат работни налози на работното место во производствената фабрика. |

|
PANTHEON Гранулите се дополнителни услуги што може да се активираат кога ви треба одредена функционалност на програмата PANTHEON за вашите вработени. |
Ако ви требаат повеќе технички-ориентирани инструкции и детални описи на формулари, посетете го Техничкиот водич за PANTHEON Web.