|
|
EMATOS posted on Juni 16, 2012 15:00
На 7-та PANTHEON конференција на Даталаб Технологии ДД, која се одржа на 7.јуни во »Thermanа«, Лашко, извршниот директор на Даталаб, Андреј Мертељ, заедно со останатите соработници ги претставија новостите на деловно - информацискиот програм PANTHEON, по што следеше тркалезна маса: »Какви средства можат да искористат претприемачите во моменталната економска ситуација?«, чиј модератор беше Едита Цетински Малнар, уредничка и водителка на емисијата »Права идеа« на РТВ Словенија.
Во понатамошниот тек на конференцијата беа одржани повеќе едукативни предавања од работењето со PANTHEON, како и предавања од многу други области - сметководство, производство, трговија, даноци, продажба итн...
PANTHEON конференцијата оваа година беше збогатена со добротворна акција »Морска прегратка«. Даталаб заедно со своите деловни партнери, и со вас корисниците на PANTHEON, во периодот од 3 месеци собравме 7.677 евра, и обезбедивме летен одмор за шеесет штитеници на Младинскиот дом - »Malči Beličeve«.
Андреј Мертељ и го предаде симболичниот чек на управителката на домот, Олга Рупник Крже на крајот од добротворната акција, која се совпадна со 15-та годишнина од постоењето на Даталаб. Конференцијата ја завршивме со музичкиот настап на Аленка Годец.
Ви благодариме на сите за учеството и за Вашиот придонес - се гледаме следната година! :)
Localization: MK
DL WebSites:
There are currently no comments, be the first to post one!