EMATOS posted on August 31, 2012 14:10

Даталаб МК ја продолжува својата мисија за поддршка во образованието на идните кадри во Р. Македонија!
Даталаб МК склучи договор со Универзитетот “Гоце Делчев“ – Штип, со што оваа установа стана Даталаб едукациски партнер. На Универзитетот во наставните програми во повеќе предмети, на неколку факултети ќе се вклучи изучувањето на PANTHEON™. Почнувајќи од овој семестар, студентите во својата едукациска програма ќе го изучуваат PANTHEON™, како деловен софтвер со најголем број на корисници во Р.Македонија. Според едукацискиот план, секоја година ќе имаме голем број на дипломирани студенти, кои ќе имаат високи познавања за PANTHEON™.
Даталаб тимот активно ќе се вклучи во едукацијата на младите кадри и преку свои консултанти ќе го збогатува процесот на едукација. Сите се радуваме на оваа соработка со нашите идни колеги во бизнисот со ERP решенија.
Localization: MK
DL WebSites: