EMATOS posted on septembar 03, 2012 17:04
На 03.09.2012, Даталаб МК го направиви официјалното отварање на едукацискиот центар во рамки на Даталаб Академијата, во присуство на извршниот директор на Даталаб ДД, Андреј Мертељ.
И како што му прилега на секое свечено отварање, традиционално ја пресековме црвената лента, по што официјално - Даталаб МК Академијата е отворена, во нов прилагоден простор за одржување на квалитетни едукациски предавања од областа на имплементација и употреба на софтверското решение PANTHEON.
По краткото обраќање на извршниот директор на Даталаб, Андреј Мертељ и директорот на Даталаб МК, Сашо Јовановски, беше претставена програмата за првиот едукациски циклус во учебната 2012/2013 година.
Ги повикуваме нашите партнерски компании и крајните корисници да го пријават своето учество, за да го надоградат своето знаење и да се стекнат со нови искуства.
“A little knowledge is a dangerous thing”!
Даталаб МК
Localization: MK
DL WebSites: