EMATOS posted on september 07, 2012 11:26
Зад нас е "PANCON 2012" Конференцијата која ја организиравме на 05.09.2012 во "ERA CITY" - Скопски саем. Традиционалната конференција оваа година е од посебно значење за нас, бидејќи го прославивме 15 годишното успешно работење на Даталаб групацијата.
На свеченото отворање на Конференцијата, извршниот директор на Даталаб ДД, Андреј Мертељ и директорот на Даталаб МК, Сашо Јовановски, со своите соработници ги претставија новостите во деловно-информацискиот програм PANTHEON - сите одобрувања и новости реализирани во изминатата година, како и идните планови за развој.
Темата на овогодинешната конференција беше - “Современи трендови во Е-Бизнис“, на која своите гледишта ги претставија и академските предавачи од македонските универзитети на кои PANTHEON е дел од образовниот процес на студентите, вклучуваќи ги Мијалче Санта, асистент на Економски Факултет - УКИМ, доцент д-р Јанка Димитрова од Економски Факултет - Универзитет “Гоце Делчев“ - Штип, и доцент д-р Горан Велинов од ФИНКИ - УКИМ.
Во продолжението на овој важен бизнис едукативен настан на Даталаб МК, следеа предавања за реални примери од пракса за работењето со PANTHEON во реномирани македонски компании - вклучувајќи ги Конти Хидропласт од Гевгелија, Алмак од Струмица, Новометал од Скопје и Аквават од Скопје. На конференцијата се дискутираше и за многу други области - сметководство, производство, менаџирање, финансии, продажба итн.
Нашите партнери, во делот за презентација на PANTHEON - Вертикални решенија имаа можност да презентираат дел од својата работа. “ВЕБ ЦЕНТАР“ ги претстави своите достигнувања во развојот со употреба на модулот ARES во PANTHEON. Партнерската фирма “Горд Системи Сервиси“ го претстави својот софтвер за производство во фармацевтски компании, за на крајот блокот предавања да го завршиме со претставувањето на мобилното решение “Edos HandHeld “, на фирмата “Инфо-Код“.
Даталаб МК им се заблагодарува на сите предавачи на соработката, за енергијата и знаењето за кои имаа желба да ги споделат. Благодариме за придонесот во квалитетот и успешноста на Конференцијата.
На сите посетители им благодариме што одвоија од своето време, и се надеваме дека сите посетители се здобија со корисни информации.
Даталаб МК
Localization: MK
DL WebSites: