EMATOS posted on October 01, 2012 13:26

Почитувани,
ДЛ МК Академијата стартува со планираните обуки за првиот едукациски циклус во 2012 година.
На 10.10.2012 е планирана едукација – Интензивен курс за почетници, која е наменета за сите оние кои започнуваат со работа во PANTHEON и се вклучени во процесот на набавки, материјално работење, производство, продажба или финансии.
Датум и термин
Обуките ќе се одржат на 10.10.2012, во периодот од 10:00 до 16:00 часот.
Локација
Обуките ќе бидат спроведени во новиот прилагоден простор за едукација на Даталаб МК, во Скопје – ул. Лондонска бр.19 (ТЦ - Олимпико)
Пријавување
Сите заинтересирани можат да се пријават на маил: emat@datalab.com.mk или на телефон 02/3079-231. Пријавувањето може да го направите најдоцна до 08.10.2012. Бројот на учесници е ограничен.
Цена
3.750,00 МКД*
* По лице – вклучува: едукација, едукациски материјали, кафе пауза
** Цената е без ДДВ
СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА!
За повеќе пријавени учесници од иста компанија, следува попуст!
за 2 пријавени |
- 10% на второ пријавениот |
за 3 пријавени |
- 20% на трето пријавенот |
за 4 пријавени |
- 30% на четврто пријавениот |
ДЛ МК го задржува правото за промена на датумот за одржување на едукацијата. За тоа ќе бидете известени најмалку 5 дена пред одржување на едуцирањето. Услови и обврски за откажување: Може да го откажете вашето присуство на едукацијата во писмена форма во било кое време пред истекување на роковите. Рокот за откажување на присуството на едукација е 5 дена пред одржување на курсот. Доколку не не известите во предвидените рокови, го задржуваме правото да ви го наплатиме целиот износ. Минимален број на пријавени за одржување на обуката се 5 лица.
Localization: MK
DL WebSites: