EMATOS posted on octombrie 23, 2012 18:09

Datalab Tehnologije, d.d., најголемиот продавач на деловен софтвер во Словенија, отвора нова подружница, овој пат во Албанија. Компанијата е присутна на осум пазари во Југоисточна Европа, а деловниот софтвер PANTHEON се користи од страна на 28,000 корисници во регионот.
Даталаб веќе има остварено некои проекти во Албанија, преку подружницата во Македонија. Новата подружница треба да го прошири пазарот и да го комплетира нашето присуство на пазарот со целиот спектар на производи и услуги на Даталаб и треба активно да функционира до крајот на годинава. Веќе постојат неколку успешни имплементации на PANTHEON во овој регион. Искуството од тие проекти ќе биде корисно во локализацијата на самиот софтвер и при градењето на нова продажна и имплементациска партнерска мрежа.
Даталаб АЛ е партнерски влог на Даталаб д.д. од Љубљана со Швајцарската компанија “Mattig Management Partners“ од Цирих. “Mattig Management Partners“ е основана како консултантска компанија со силен фокус на контрола и менаџмент на ризикот во 2006-та година, како фирма сестра на “Mattig-Suter and Partner“, Швајцарија, која е водечка сметководствена и ревизорска компанија во Швајцарија и е присутна на пазарот повеќе од 50 години. Групацијата е присутна во Централна и Источна Европа, на локации во Јужна Германија, Австрија, Словачка, Романија, Бугарија и Албанија и преку независни подружници нуди услуги во областа на менаџмент и консултантски услуги, сметководство, даночни и правни услуги, како и сметководствени услуги.
Директор на Даталаб АЛ ќе биде Г-дин Blerim Gjeladini. Г-дин Gjeladini има стекнато искуство во академската област, како професор со задачи во областа на сметководство и е-влада. Исто така тој е член на бордот на албанската Дипломатска академија. Во последните години, Г-дин Gjeladini има стекнато искуство како CFO во “Helvetica Profarm“, водечка трговска и дистрибутерска компанија на фармацевтскиот пазар. Во ова својство ги виде потребите на пазарот во Албанија за професионално решение од областа на деловен софтвер и сметководствено решение, исто така има стекнато искуство во работата со дневни информирања и потреба од репортирање и известување во “Helvetica Profarms“ за лидерите надвор од Албанија. Даталаб МК од Скопје ќе обезбеди помош и поддршка на најновиот член во Даталаб семејството.
Даталаб и “Mattig“ исто така ќе соработуваат и на другите пазари (Романија, Бугарија и Молдавија во иднина) каде “Mattig“ веќе функционира со своите сметководствени/консултантски активности.
Datalab Tehnologije d.d.
Localization: MK
DL WebSites: