|
|
EMATOS posted on November 02, 2012 12:26
Ја отпочнуваме веќе третата година како се дружиме со вас и се обидуваме да ги задржиме вашата доверба и лојалност - но, не само со одговорите при советувањето за работата со PANTHEON, туку и со и редовното информирање за сите новости или подобрувања. Почитувани корисници на PANTHEON, драги посетители на U-site, денеска е и ваш ден! СЕ НАЈДОБРО!
Во 2010 ја обновивме “заборавената“ страна за корисници, графички ја збогативме, технички ја подобривме, и дозволивме пристап за пошироката јавност и до денеска имаме повеќе од 9.000 посетители! Секако најголем дел од нив сте вие наши драги корисници, но меѓу посетителите има и бројни љубопитни лица кои се интересираат за другите интересни содрини на U-site од подрачјето на претприемништвото, економија, маркетинг, сметководство...
Неодамна го обновивме и форумот, кој сега нуди многу нови можности. Го подобривме и прегледот на видео снимки во PANTHEON TV, ја збогативме Бизнис енциклопедијата со теми од различни области...
Ветуваме дека во иднина уште поактивно ќе ве вклучиме во развојот на PANTHEON и затоа неодамна го имплементиравме "U-site votebox" модулот, кој ви овозможува да давате предлози и да гласате за промените во PANTHEON, кои се проследуваат до тимот за развој.
По повод вториот роденден ви ветуваме дека ќе продолжиме да бидеме брзи во бесплатните свети во работата со PANTHEON!
Се најдобро!
Даталаб МК
Localization: MK
DL WebSites:
There are currently no comments, be the first to post one!