Vesti

24

На 18.12.2012 во “Музејот на македонската борба во Скопје“, беше одржана конференцијата под наслов “е-Сметководство во Р.Македонија“, а која беше во организација на Даталаб МК и Македонски Телеком.

На конференцијата беше промовирана новата услуга “PANTHEON e-Сметководство“. Целта на новиот продукт кој за прв пат се воведува во Македонија е електронски начин на сметководство, олеснување на работата без користење на хартии и заштеда на компаниските ресурси.

Ова е првиот деловен софтвер во Cloud во Македонија, револуционерен систем преку кој корисниците и сметководствените бироа ќе имаат заеднички пристап до своите податоци од било каде, со што ќе заштедат време и пари.

Со новиот систем кој ќе биде овозможен преку Македонски Телеком од 2013 година, претпријатијата ќе имаат можност за пристап до современи деловни програмски решенија, а сметководителите ќе можат електронски да ги разменуваат податоците и да имаат увид и пристап до сите потребни информации за своите клиенти. “PANTHEON е-Сметководство“ на сметководствените бироа им овозможува развој на деловно советување и финансиски анализи и услуги, заштедува време и нуди полесна размена на податоци. Истовремено со него се добива и поголема прегледност и управување со деловните процеси, а нуди можност и за проширување на бизнисот во странство.

Исто така “PANTHEON е-Сметководство“ овозможува севкупна поддршка за бизнис процесите: од нарачки, фактури и човечки ресурси до сметководство, управување со производство и известување. Наменет е за претпријатија од сите големини и дејности, кои сакаат целокупна поддршка и интеграција во своето деловно работење. Со користење на овој систем, компаниите добиваат: едноставен и брз пристап до податоците, сигурност и безбедни копии, немаат трошоци за купување на сервери и лиценци, а вклучена е и автоматска надградба на софтверот.

Даталаб МК и Македонски Телеком на сите посетители им доделија ваучер за бесплатно користење на решението до крајот на февруари. Ги повикуваме сите добитници на ваучерите да го искористат тест периодот, и да бидат дел од револуцијата во сметководственото работење!

Даталаб МК им се заблагодарува за присуството на сите посетители на конфернецијата. Се гледаме догодина во истото време, во уште поголем број!

Даталаб


 

Localization: MK
DL WebSites
Posted in: Dogodki

Comments

There are currently no comments, be the first to post one!

Post Comment

Only registered users may post comments.

Add Content...