katerinam posted on marec 15, 2013 14:58

Почитувани,
На 19.03.2013 е планирана едукација за Затварање на година во PANTHEON, која е наменета за вработените во сметководство и финансии. На едукацијата е предвидено да биде претставено како се прави финансиско затварање на претходната година, и отворање на нова почетна финансиска состојба. Исто така ќе бидат презентирани и контролните механизми при спроведување на оваа постапка.
Датум и термин
Обуките ќе се одржат на 19.03.2013, во периодот од 09:00 до 11:00 часот.
Локација
Обуките ќе бидат спроведени во новиот прилагоден простор за едукација на
Даталаб МК, во Скопје –
ул. Лондонска бр.19 (ТЦ - Олимпико)
Пријавување
Сите заинтересирани можат да се пријават на маил: emat@datalab.com.mk или на телефон 02/3079-231. Пријавувањето може да го направите најдоцна до 17.03.2013. Бројот на учесници е ограничен.
Цена
1.790,00 МКД*
* По лице – вклучува: едукација, кафе пауза
** Цената е без ДДВ
СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА!
За повеќе пријавени учесници од иста компанија, следува попуст!
за 2 пријавени
|
- 10% на второ пријавениот
|
за 3 пријавени
|
- 20% на трето пријавенот
|
за 4 пријавени
|
- 30% на четврто пријавениот
|
ДЛ МК го задржува правото за промена на датумот за одржување на едукацијата. За тоа ќе бидете известени најмалку 5 дена пред одржување на едуцирањето. Услови и обврски за откажување: Може да го откажете вашето присуство на едукацијата во писмена форма во било кое време пред истекување на роковите. Рокот за откажување на присуството на едукација е 5 дена пред одржување на курсот. Доколку не не известите во предвидените рокови, го задржуваме правото да ви го наплатиме целиот износ. Минимален број на пријавени за одржување на обуката се 5 лица.
Даталаб МК | ул. Лондонска бр. 19, 1000 – Скопје, Р. Македонија | www.datalab.com.mk
Localization: MK
DL WebSites: