katerinam posted on ožujka 18, 2013 07:23
Излезе верзијата 55.59.00. Краток преглед на новостите можете да ги погледнете подолу во тесктот или во прегледот.
Исто така можете да ги погледнете и видео снимките за новостите поврзани во овој билд.
Финансии
- Увоз на налог за книжење
- Увоз на основни средства од Excel
- Збирно книжење на царина
- Збирно книжење на ПОС фактури
- Збирно книжење на издадени фактури
- Контен план на други јазици
- Регистар на основни средства во аквизиција
- Дополнување на увоз на изводи (во поглед на конто внесено на тип на субјект, субјект, во поглед на салдо-конто книжење на основа на врзан документ)
Материјално
- Една од најголемите новости во верзијата 55.60.00 која би ја споменале како прва е промена во дистрибуцијата на позициите на материјалните документи во нарачките врз основа на делбен клуч. Самата форма е променета и функционална т.е со неа сега можеме да му помогнеме на делбениот клуч за поделба на позиции или на целиот документ. Исто така позициите се прикажани под позицијата која што сме ја делеле и можно е да ги отворите со клик на знакот + на почетокот на позицијата. Би ве предупредиле дека податоците од така поделените позиции во пресметките ќе се прикажуваат во следниот release (на пример креирање на исписи на основа на критериуми како Одделение или Носител на трошок).
- Следната новост е доделување на суперрабат или рабат на износот на документите, на документот издавање и нарачки од купувачи во однос на интервалите на износ и рабат одредени кај поединечните субјекти.
- Ако имате поставено опција за Назив 2, сега на сите исписи во модулот HERMES во субјектите ќе се испишува Назив 2.
- Би го споменале и додатниот панел кај Сервисните налози – Прием од добавувачи (кој се избира опционално). Нова е и формата кај Пресметка на меѓускладишен пренос. Сега е можно да изберете уште веднаш повеќе складишта во пресметките, кое што до сега не беше можно. На документите за издавање сега се испишуваат трошоците по поединечни позиции во панелот – калкулација на продажба. И едно од многу очекуваните подобрувања е можноста за пренос на податоците од документите во договорените ценовници.
ПОС
На веќе потврдените ПОС сметки, можно е да ја менувате напомената во документите.
ПОС - Сторно
- Овозможена е делумна сторно ПОС сметка.
- Овозможено е автоматско плаќање на сторирани ПОС сметки
- Забрзано е сторирањето на сметките
- Доработени се датумот и времето на издавање на сметките на излезните сметки.
Кадри
- следење на историја на годишни одмори
- можност за внес на произволен текст во Податоци за внесен годишен одмор
- променлива за пресметка на годишен одмор за работни саботи и недели
- отсутност на вработените сумарно
- пресметка на плати во случај на судско решение, задоцнување на исплата на регрес, субвенции...
- испраќање на iREK документот преку e-mail
- испраќање на известување преку e-mail на Кандидати
- прикажување и испис на работа во неработни денови
- испис на рекапитулации за допринеси и плата
- оневозможен внес на VZ во подготовка на пресметки
- историја на ануитетни кредити
- напомена на оценувачите во волшебникот за оценување на вработените
- приказ на активни корисници кои одобруваат патни налози
Друго
Поедноставен увоз на субјекти или иденти од Excel, наменето првенствено за нови корисници кои започнуваат со работа во програмот Pantheon.
Поштенска книга - автоматизација, workflow, размена
- За електронска размена на податоците ја проширивме поштенската книга со додатни функционалности: распоред на задачи, интеграција, поврзување со документ системот, интерен driver...
- Задачите може да се поврзуваат меѓусебно што овозможува составување на задачи чија цел може да се подели во под-задачи.
- Поштенската книга се поврзува со испраќачот на пакетот, бидејќи во интерниот driver е можно да се постави произволна група на приматели внатре во претпријатието. Во соработка со класификациите, овозможено е автоматско распоредување на групни задачи.
- Додадена е интеграција на ARES процедурата за задачи и креирана е ARES процедура која овозможува поврзување на материјалните документи со задачите. Тоа овозможува одредување на произволни задачи во документите.
- Овозможено е креирање на материјални документи од Книгата, каде што е можно да се сочуваат сите поврзани податоци во пакет и така да се пренесат документите во пакет од Книгата во Документ системот со повлекување и спуштање.
ZEUS
- Нова димензија Седмично: додатна можност за прегледи на сите ZEUS анализи и извештаи седмично.
- Нова мерка RVV/Набавна вредност во ZEUS анализи и извештаи во продажбата (вредносна разлика во цената наспроти набавната вредност).
- Подобрување на Ad-hoc анализите: извоз во Excel, Custom groups...
- Нова опција прилив – Одлив во Планот за приливи и одливи ZEUS планирање.
- Можност за планирање на плата по работни места.
Localization: MK
DL WebSites: