Новости

18

 

Високата школа Бања Лука по трети пат организира натпревар за студентите од областа на сметководството познат под името “Сметководство 2013”.

Даталаб и оваа година е генерален спонзор на мини олимпијадата која ја организира високата школа Бања Лука, еден од ЕДУ партнерите на Даталаб. Поддршката на вакви настани ја сметаме за друштвена одговорност, бидејќи покрај нашата примарната дејност – развој и продажба на Pantheon за мали, средни и големи претпријатија, наша цел е и на секој студент во регионот да му овозмножиме работа на најдобриот информационен систем за да во иднина како квалитетен кадар биде конкурентен на пазарот. Особено не радува учеството на голем број факултети, од кои дел се и ЕДУ партнери на Даталаб, а посебна чест ни е што еден од членовите на организациониот одбор е и извршниот директор на Даталаб Технологија, г-дин Андреј Мертељ.

 

До сега на ова натпреварување, високата школа Бања Лука беше домаќин само за учесници од Босна и Херцеговина и Словенија, а оваа година натпреварувањето прерасна во регионално и доби назив “мини олимпијада во сметководство”. Овој мај, на мини олимпијадата ќе присуствуваат студенти од целиот регион: Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и Хрватска.

До идејата за организирање на ова натпреварување, високата школа Бања Лука дојде така што воочи дека студентите во областа на сметководство се запоставени во однос на другите студенти и токму на вакви натпреварувања овие студенти може да се изборат за својот кредибилитет. На овој начин студентите остваруваа и поголеми можности за вработување.

Желба ми е со овој вид на натпреварување да го промовирам знаењето од областа на сметководството, промовирање и наградување на најдобрите студенти, а наставните предмети од оваа област да постанат поатрактивни и позанимливи.

Според зборовите на д-р. Милица Лакич, која е и главниот организатор на натпреварувањево, заедно со д-р. Симен Вилендечич и м-р. Зоран Којович, сметаат дека во последниве неколку години високото образование постанува доста актуелно така што високата школа Бања Лука ја сфати потребата за ваков вид на натпреварување.

Лакич особено нагласи дека организаторот на овој настан сака да им помогне на студентите, наставниците и организаторите на наставни програми на универзитетите и високите школи, да студентското вреднување постане корисен инструмент во развојот на квалитетни студии. Денес само интерното вреднување на понудените планови за наставна програма и студентскиот напредок преку испитите како и самото оценување на наставниците не е доволно само по себе, туку потребно е и екстерно, како што на пример ова натпреварување овозможува.

Ова натпреварување кое ја вреднува програмата (она што се нуди како студии и самата настава) на исти предмети во различни институции, треба да не доведе до резултати во наставниот процес како би на тој начин добиле индиректно мерење на резултати, рече Лакич.

Исто така нагласи дека основната цел на ова натпреварување е студентите, наставниците и институциите кои се одговорни за образовна настава, да создадат најдобра можна основа и клима за понатамошен развој на квалитетна настава.

Сакаме да потенцираме дека самостојното оценувањето не е само одговорност на студентите, поединечни наставници или институциите, туку сите они имаат подеднаква одговорност и баш затоа сакаме на едно место да ги собереме сите институции кои уште од самиот почеток се занимаваат со реформите во високото образование, кажа Лакич.

На крај додаде дека овој настан овозможува промоција на позитивните вредности помеѓу студентската популација, промовирање на знаење од областа на сметководството како и придонес во развојот на меѓународната соработка.

Детални информации за мини олимпијадата “Сметководство 2013” може да најдете на веб страната на високата школа Бања Лука: www.racunovodstvo.blc.edu.ba.

Контакт личност: Претседател на организациониот одбор д-р. Милица Лакич, +387 65 803 520

Localization: MK
DL WebSites
Posted in: Događaji

Comments

There are currently no comments, be the first to post one!

Post Comment

Only registered users may post comments.

Add Content...