Novice

22

PANTHEON CLOUD за сметководствени бироа!

Roadshow-то продолжува! Овој пат наши гости беа сметководствените бироа и фирми од Кичево. Настанот беше организиран во соработка со Македонски Телеком, нашиот партнер од Кичево, Зонелс и регионалната комора со седиште во Кичево, која после настанот веста ја објави на веб страната на Стопанска комора на Македонија.

Регионална комора со седиште во Кичево - ПРЕЗЕНТИРАНИ ПРИДОБИВКИТЕ ОД КОРИСТЕЊЕТО НА Е-СМЕТКОВОДСТВО

Настанот им овозможи на присутните да се запознаат со новата услуга - софтвер како услуга, која им овозможува на корисниците да избегнат иницијални трошоци за купување на лиценциран софтвер и за месечен надоместок да користат софтвер како услуга од Македонски Телеком.

Даталаб МК тимот со гостите ги сподели успешните приказни за Pantheon Cloud додека пак присутните ги споделија проблемите и предизвиците со кои се соочуваат во секојдневното работење. Cloud технологијата е иднината во бизнис светот, а Даталаб МК е првата компанија во Македонија која ја започна токму таа револуцијата.

Нашата наредна дестинација е Прилеп на 26.04.2013. Сите заинтересирани се добредојдени да присуствуваат на презентацијата и коктелот. Ве очекуваме!

Localization: MK
DL WebSites
Posted in: Dogodki

Comments

There are currently no comments, be the first to post one!

Post Comment

Only registered users may post comments.

Add Content...