Новости

24

Даталаб МК оваа година, го оддржа својот тим билдинг  во Банско-Бугарија.  Целта на секој тим билдинг кој го организираме е градење на подобар и кохезивен тим, кој може да работи како еден при извршување на секојдневните задачи и работа под притисок, подобра соработка и развој на тимски дух помеѓу членовите на тимот и подигнување на нивото на мотивацијата. Иако Даталаб МК има одличен млад, енергичен  и кохезивен тим, нашето мото е дека секогаш можеме подобро кон развој и создавање на совршен тим.

Даталаб МК го прослави 100-от корисник на Patheon Cloud!

На ручек во рибникот Саваро, во с. Истибање.

 

Три дневното дружење го започнавме со работилница на која продажниот тим презентираше техники и предлози за подобрување на комуникацијата со потенцијалните и постоечките клиенти. Работилницата изобилуваше и со вежби и игри кои им овозможија тимовите да го почувствуваат процесот на продажба и како изгледа секојдневната комуникација со различни видови на компании и личности.

Работилница, продажни техники.

Работилница, продажни техники.

Ирина, продажни техники.

Работилница, продажни техники.

Работилница, продажни техники.

Работилница, продажни техники.

Вечерта ја продолживме во клуб каде што го прославивме роденденот на нашата колешка Ивана. Одлична можност сите колеги, да се запознаеме во едно поинакво светло – кога сите сме опуштени, без притисок, ужувајќи во добрата музика и забава. Даталабовци се познати по паролата: Work hard, party harder! smiley

Ивана, среќен роденден!

Роденденска забава за Ивана.

Роденденска забава за Ивана.

 

Наредниот ден имавме можност да уживаме во сончевиот ден во Банско, шетајќи на чист воздух и уживајќи во заедничкото дружење. После прошетката, следуваше работилница организирана од страна на тимот на имплементација, кој ги презентираше најновите функционалности во Pantheon како и начинот на кој се водат Даталаб проектите.

Прошетка низ Банско.

Прошетка низ Банско.

Прошетка низ Банско.

Ивана и Стефанија.

Работилница, најнови функционалности во Pantheon.

Работилница, најнови функционалности во Pantheon.

Стефанија, ZEUS.

Три дневното дружење го затвори директорот на Даталаб МК, Сашо Јовановски кој ги презентираше остварените резултати на Даталаб МК, правецот кон кој се движи развојот на Даталаб МК и осврт кон визијата и целите кон кој се стреми Даталаб МК тимот. Денот заврши со посета на Рилскиот манастир и долго очекуваниот ручек во планинските убавини на Крива Паланка.

Осврт на досегашното работење и остварени резултати на Даталаб, МК.

Рилски Манастир, Бугарија.

Тони.

Рилски Манастир, Бугарија.

И оваа година си поминавме одлично, незаборавно, насмеано, а пред потврдивме дека добрите односи и соработката меѓу вработените и партнерите е клучен фактор за успешно работење.

Ресторан Воденица, Крива Паланка.

Ресторан Воденица, Крива Паланка.

Ивана.

Localization: MK
DL WebSites
Posted in: Događaji

Comments

There are currently no comments, be the first to post one!

Post Comment

Only registered users may post comments.

Add Content...