katerinam posted on тавдугаар сар 13, 2013 15:48

Даталаб МК со огромно задоволство ја поддржува иницијативата на Обединетите Нации и беше дел од првата конференција "Девојките во ИКТ" во Република Македонија.
Меѓународниот ден на девојките во ИКТ има за цел да ги доближи Информатичко Комуникациските Технологии на девојките, да им ги претстави работните места во овој сектор, како и да ги поттикне и охрабри да изберат кариера и да се занимаваат со оваа професија.

Активностите во рамките на оваа кампања ќе стимулираат подигање на свеста помеѓу младата популација, особено помеѓу генерациите кои посетуваат средно образование, да го продолжат своето образование на факултетите на кои се изучуваат информатичко - комуникациските технологии. Поттикнувајќи повеќе припаднички на понежниот пол да се запишуваат на ИКТ факултетите, ќе се овозможи рамнотежа на застапеноста помеѓу двата пола, но она што е најважно, ќе се зголеми вкупниот број на работна сила од ИКТ областа во Република Македонија.

Воедно, ова е одлична прилика девојките да се запознаат со сите области од ИКТ во кои би можеле да се образуваат, а воедно и да најдат инспирација во примерот на успешни жени.
За повеќе информации посетете ја официјалната страна: http://girlsinict.org/

Localization: MK
DL WebSites: