katerinam posted on mai 29, 2013 15:42
Високата школа “Бања Лука Колеџ“ по трет пат го организираше студентскиот натпревар од областа на сметководството, под називот “Мини Олимпијада - Сметководство 2013“. Натпреварувањето се одржа на 24. и 25. мај, во просториите на “Бања Лука Колеџ“, Бања Лука (БиХ).

“Бања Лука Колеџ“ по воочувањето дека студентите од областа на Сметководството и ревизија, се запоставени во споредба со другите студенти кои на различните натпревари можат да го докажат својот квалитет, од пред три години започнува да го организира овој меѓународен натпревар. Оваа година свое учество имаа студенти од Словенија, Македонија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, од 15 факултети или вкупно 57 студенти од сите земји учеснички. Студентите на ова натпреварување имаа можност своето знаење да го споредат со колегите од другите факултети, од другите земји во регионот, да разменат искуства и да остварат контакти за идна соработка.
Генерален спонзор на “Мини Олимпијада - Сметководство 2013“ е компанијата Даталаб, словенечка компанија која е регионален лидер за деловен софтвер. Даталаб Македонија, го спонзорираше патувањето на 12 студенти од “Св.Кирил и Методиј - Економскиот Факултет“ - Скопје и Универзитетот “Гоце Делчев“ - Штип.

Учесниците на овој натпревар се натпреваруваат индивидуално и во тимови. Во силната конкуренција, студентите од Македонија освоија две втори места, со што го докажаа квалитетот на високото образование во Р.Македонија. Второто место во индивидуално натпреварување го освои Мите Атанасов, апсолвент на “Св.Кирил и Методиј - Економскиот Факултет“ - Скопје, а победничкиот тим кој освои второ место во тимско натпреварување беше составен од Мите Атанасов, Александра Пејоска и Виктор Наумчески, студенти на “Св.Кирил и Методиј - Економскиот Факултет“ - Скопје.
Оваа награда е уште една потврда за успехот на македонските универзитети кои образуваат квалитетни кадри кои можат да се носат со најдобрите во регионот и Европа.

Localization: MK
DL WebSites: