|
|
katerinam posted on prosinca 23, 2013 10:53
ДАТАЛАБ присуствуваше на 5-от ИнфоКом Албански Телеком Форум на кој учествуваа најеминентните компании од aлбанското информатичко општество. ИнфоКом Албанскиот Телеком Форум веќе е признат како институција на пазарот за информатички и телекомуникациски технологии, како и политички лидер во Алабанија за ИКТ. Настанот се одржа на 10-ти декември во Хотел Шератон, под мотото “Дигитални врати кон ЕУ”. Со ова мото се претставени најголемите предизвици со кои се соочува Албанија на својот пат кон исполнување на барањата за влез во ЕУ. Форумот беше поделен на три сесии:
- Прва сесија: Креирање на Дигитални Патишта
- Втора сесија: Поврзување на Бизнисите со Можностите
- Трета Сесија: Самит за менаџери: Раст и Соработка
За време на втората сесија, регионалниот менаџер на ДАТАЛАБ за развој за Југоисточна Европа – Сашо Јовановски, имаше панел презентација и дискусија со претставниците од ИКТ индустријата. Презентацијата се однесуваше на новата локализирана верзија на Pantheon за албанскиот пазар како и неколкуте успешни приказни за Pantheon Cloud на македонскиот и албанскиот пазар претставени преку студија на случај.

Localization: MK
DL WebSites:
There are currently no comments, be the first to post one!