News

26

Минатата недела во Република Македонија, по терк на многу Европски држави се објави избор на компаниите кои ги задоволуваат условите на брзо растечки компании - таканаречени ГАЗЕЛИ. Критериумите за избор на ваквите компании во Македонија беа:

 

  • Да егзистираат во периодот 2009 – 2012
  • Во овој период да имаат приход во секоја од годините над 6.000.000 денари
  • Да имаат растечки приход во сите овие години
  • Во сите 4 години да работеле со добивка
  • Да имаат помеѓу 5 и 50 вработени
  • Да се приватни субјекти

 

Според овие критериуми во Македонија постојат 687 компании, меѓу кои Даталаб Македонија е на 341 место со раст од 70,38 % за периодот 2009 – 2012. Интересно е да се напомене дека во оваа листа Даталаб Македонија е единствен понудувач на деловен софтвер во Македонија, со што се потврдува позицијата на Даталаб како лидер за деловен софтвер во Македонија во овој период.

Localization: MK
DL WebSites
Posted in: Događaji

Comments

There are currently no comments, be the first to post one!

Post Comment

Only registered users may post comments.

Add Content...