katerinam posted on дөрөвдүгээр сар 16, 2014 11:37
Надоградба:
1. Препорачана верзија на која се лоокализирани новите законски промени е 556410:

2. После надоградба на оваа верзија потребно е да се извршат две процедури преку постапката Брза Надоградба.
Тоа се постапките бр: 302 и 304.

Потребни даночни тарифи

- Т0, Т1, Т2 : Регуларни промети, (поле 01,02,03,04,18,19 од ДДВ пријава)
- P0, P1, P2: Пренесена обврска на примател на промет (поле 08,13,14,15,16,22,23 од ДДВ пријава)
- L0, L1, L2: Реекспорт на лиценци, член 32т.4. Се прикажуваат износи пресметани по продажен курс кој се дефинира во Администраторска конзола (следна слика).

Нова даночна пријава
1. Промет – влезни документи

Набавка ослободена од ДДВ не се прикажува никаде во пријавата.

Во новата пријава авансите не се прикажуваат во одделно поле туку се прикажуваат во регуларните полиња 01-04 и 18,19. Поради тоа, на документот 160 во позадина треба да означите „Материјално“, со цел и тие промети да влегуваат тука.
2. Промет – излезни документи


Аванси
Авансите внесени во документ 370-Примени аванси, треба исто да се прикажуваат во овие полиња:

Извоз
Извозот се прикажува на следниот начин:


3. Поле 07- промет кој не е предмет на оданочување во земјата
Треба да се отвори нова тарифа (во овој пример V7) и да се означи на следниов начин:

Напомена: Треба да е означена опцијата Ослободување при извоз. Само доколку е означена оваа опција, полето 07 ќе се пополни.


4. Поле 08 - промет за кој данокот го пресметува примателот (излезни документи)
Во овој случај се користат тарифите P0,P1 и P2.

Кога на документ ќе се појави тарифа со ознака ДДВ пресметува Примателот, на формата се појавува дополнително поле За плаќање по член 32.а – тука се прикажува износот без пресметан ДДВ.
Напомена: Во регуларната рекапитулација стои и ДДВ и за плаќање заедно со ДДВ - тоа е само информативен податок колку ДДВ треба да плати Примателот.

Во системските исписи е среден и изгледот на фактурата. Во полето Вкупно се прикажува износ без ДДВ, а по тарифи се прикажува колку точно е пренесената обврска.
Во долниот дел Даночни стапки, законски мора да стои колкав е износот на ддв кој се пренесува на примателот.


5. Полиња 13,14,15,16 – пренесена обврска (приказ од страна на примателот – влезни документи)


6. Полиња 09,10,11,12 – реекспорт на лиценци
За приказ во овие полиња се користат L тарифите, и задолжително е да се подеси во Администраторска Кознола од која банка се повлекува продажниот курс.





7. Полиња 24,25 – увоз


Во поле 24 се испишува Основа за ДДВ од ЕЦД (од калкулација набавка).


8. Извештај ДДВ-ИПДО
Овој извештај се креира за сите излезни документи, каде што се пренесува обврска за ДДВ.


Localization: MK
DL WebSites: