katerinam posted on мај 02, 2014 16:41
На 23.04.2014, Даталаб МК имаше чест да присуствува и да биде поканетa од страна на Федерација на Фармери на Република Македонија (ФФРМ), на свечениот настан на Изборната Седница на Редовното Собрание на ФФРМ како партнер соработник во проектот АгроИТ. Настанот се одржа во Музејот на Македонската Борба и присуствуваа делегати и членови од ФФРМ, земјоделци, поканети гости од државните институции како и медиумите.

Даталаб имаше можност да се претстави како компанија-партнер на ФФРМ, и дополнително да ги запознае присутните и јавноста за отпочнатиот АгроИТ проект во соработка со ФФРМ. Најпрво беше даден опис на проектот и неговото значење за регионот и за пилот земјите каде се отпочаните активностите, и дополнително беа наведени предностите од АгроИТ проектот за Р. Македонија и земјоделскиот сектор со употреба на ИКТ технологиите во секојдневното работење на фармите.
Localization: MK
DL WebSites: