katerinam posted on oktober 10, 2014 15:16
Приватната високо образовна установа "Еуро Колеџ" Куманово, потпиша договор за соработка со словенечката компанија за развој на деловна информатика Даталаб.
Со потпишување на договорот, "Еуро Колеџ" ќе го користи PANTHEON во реализација на наставата и со тоа стана четврт партнер од сферата на високо образовните установи покрај Економскиот факултет Скопје, Машински факултет Скопје и Универзитетот Гоце Делчев Штип.

Освен во реализацијата на наставните програми по предметите од областа на сметководство и финансии, програмот Pantheon ќе има своја примена и при спроведување на обуките за возрасни од програмата за „Службеник во сметководство“, која е верифицирана во Центарот за образование на возрасни и која ќе започне да се реализира во оваа студиска година.
http://www.kumanovonews.com/dnevni-vesti/euro-koledz-ce-sorabotuva-so-datalab
Localization: MK
DL WebSites: