aleksandrad posted on June 17, 2015 17:00
Почитувани,
Како што веќе одредено време е навестувано од страна на Даталаб, миграција на Pantheon е пред имплементација: Денес 17.06 или утре 18.06 ќе излезе прва верзија на Pantheon во UNICODE формат и програмирана во DELPHI XE3 верзија на програмски јазик.
Од страна на надградба на оваа верзија, никакви промени не се потребни – базата на податоците останува непроменета, стандардна процедура на менување на .exe фајлот и надградба на база на нова верзија – по потреба.
По ауто-тестовите спроведени од страна на Даталаб во изминатите месеци, функционалностите на Pantehon во UNICODE верзии се докажано исти како и досегашните ANSI верзии – верзиите се обратно компатибилни – се што работело до сега ќе работи и на новата верзија на Pantheon.
Сепак, поради голема разлика во контролите и во новиот PAX компајлер, најголемата разлика е во модулот ARES. Од страна на Даталаб се препорачува дополнително да се истестираат сите направени DPA процедури пред да се пуштат во продукција со новата верзија на Pantheon. Следните 1-2 верзии на Pаntehon ќе бидат двојни – верзија ANSI и верзија UNICODE така да има временски период кајшто ќе можете да ги тестирате вашите процедури.
Новите ARES-и ќе бидат со екстензија DPAX. ARES ќе ги прифати старите DPA но при снимање во новиот ARES IDE ќе добијат нова екстензија која нема да биде обратно компатибилна. Новиот ARES IDE ги превзема по-стриктните правила за кодирање од DELPHI. Пример:
1. Во проектот можевте да имате инструкција end; пред end. . Оваа веќе не е возможно (Delphi compatibility enforced).
programAresProject;
uses SysUtils, Classes, Forms, Dialogs;
begin
end;
end.
2. Циркуларна референца
Имињата на unit-и мора да бидат идентични во дефиниција на unit и во самиот unit (Delphi compatibility enforced).
3. Multi-line strings мора да се во еден ред (Delphi compatibility enforced).
Мулти стрингови мора да се дефинирани на следниов начин: Text:='ABC'+#13#10+'Def';
Како да тестирате?
1. Симнете последна верзија на Alpha: ftp://ftp.datalab.si/internal/upgrade/MK/Alpha_X3.
2. Не е потребно да ја надградувате базата, стартувајте Pantehon со /B switch.
3. Отворете Ares IDE.
4. Одите во Волшебници (Wizards) и изберете Проверка на компајлер (Compile Check).
5. Можете да користите филтери или "%" за сите.
6. Кликнете Барај (Search).
7. Кликнете Компајлирај (Compile).
8. Сетирајте филтер на грид "Errors" > 0 (бројот на предупредувања (warnings), од десна страна не влијае на функционалностите; грешките се битни).
9. Десен клик на заглавјето на гридот, изберете Експорт и Excel.
10. Испратете Help Desk тикет со приоритет RC (release candidate) со прашања и Excel фајловите.
За подетални информации и/или прашања Ви стоиме на располагање.
Даталаб МК
17.06.2015
Localization: MK
DL WebSites: