|
|
aleksandrad posted on септември 22, 2015 09:05

Почитувани корисници на Pantheon CLOUD услугата,
Би сакале пред се да Ви се заблагодариме за досега укажаната доверба и лојалност. Благодарение на вас, повеќе од 2 години Pantheon CLOUD функционира успешно. Во нашето Cloud семејство во моментот имаме над 350 активни компании и над 500 активни лиценци. И овие бројки секој ден растат...
...токму поради тоа и дисковниот простор во дата центарот станува се повеќе искористен. Истото бара дополнителни ресурси за негово проширување со цел да се обезбеди непречена работа. Ние успеавме повеќе од 2 години да обезбедиме промотивен период во кој секој наш корисник на Cloud можеше неограничено да користи дисковен простор. Сепак, заради сигурна иднина на сите корисници, проверката на искористеноста на дисковниот простор и наплата на прекорачувањата ќе биде воведена од 01.08.2015.
Што значи тоа:
- Најголем дел од Вас нема да бидат засегнати од оваа промена. Со месечниот паушал за Cloud лиценци вие добивате свој простор и најверојатно го немате искористено (пример користите 3SE лиценци во HO модел – со тоа добивате 3*500MB=1500MB – самата база на Pantheon има почетна големина од само 250MB – што значи овој простор од 1500MB e повеќе од доволен за подолго време)
- Оние кои ќе бидат засегнати од оваа промена се оние кои имаат повеќе од една база на податоци и/или голем обем на документи со што успеале да го надминат дисковниот простор предвиден со нивните лиценци. После овој мејл, секој од овие корисници ќе добие мејл со детална калкулација на искористеноста на дисковниот простор и доплатата. Оваа доплата ќе ја добиете на вашата сметка заедно со Pantheon Cloud услугата, почнувајќи од сметката за Август.
- Со цел да не бидат оптеретени корисниците кои денес или во иднина ќе имаат прекорачување на дисковниот простор, успеавме да го поедноставиме доплаќањето и да го направиме симболично. Самата доплата автоматски се калкулира и секој корисник преку своето корисничко име во Pantheon или на usersite.datalab.eu може да ја провери искористеноста на дисковниот простор. Цената на 1GB дополнителен простор изнесува 149 мкд (без ддв) на месечно ниво.
Се надеваме дека ќе ја разберете потребата за ваква промена, и дека и во иднина ќе бидете задоволни од услугата и секако од соработката со Даталаб МК и Македонски Телеком.
За сите прашања и коментари, Ви стоиме на располагање на info@datalab.com.mk и 02 3079 231
Даталаб МК | ул. Лондонска бр. 19, 1000 – Скопје, Р. Македонија | www.datalab.com.mk
|
|
|
|
Localization: MK
DL WebSites:
There are currently no comments, be the first to post one!