Vesti

23

Почитувани Корисници,

Со гордост ве известуваме, дека на 24.12.2015 година ја издадовме новата генерација на деловно-информацискиот систем PANTHEONX (десет), кој содржи бројни подобрувања.

PANTHEONX (десет) е побрз, напреден и моќен. Новата генерација содржи голем број новости и подобрувања: од обновениот кориснички интерфејс, важните подобрувања на перформансите до целосна поддршка на Документното работење и деловните процеси. Сите нови и напредни фанкционалности се воведени со намена да се олеснат секојдневните процеси во претпријатието. Повеќе за новостите во првата верзија на PANTHEONX, build 10.0.0.0., можете да погледнете на видео снимките.
Се заблагодаруваме на Даталаб развојниот тим, кој со желба за постојан напредок, во PANTHEON во последните пет година има направено 8.951 подобрување.

Заклучокот на годината 2015 е дополнително успешен. Го забележавме 45.000 корисник. Дополнително мотивирачки е да се доживее толку голема доверба од сите овие корисници. Како голем успех го земаме во обзир и фактот да решението PANTHEONCloud (Хост) се прошири на другите пазари во регионот, а во соработка со телефонските оператори.
Извршниот Директор на Даталаб Технологии д.д. Андреј Мертељ ги сумираше своите впечатоци од 2015 година, за која вели дека “по 2007 година, ова е инвестициски најинтензивна година. Вложувањето во новата генерација PANTHEON и Фарминг, како и партнерствата со телекомите го достигнаа врвното ниво на поврзаност. Инспиративни се првите резултати од овие вложувања и одговорите на нашите постоечки, и потенцијалните нови клиенти. Се радуваме што секојдневното работење им го правиме полесно.”

Динамичниот крај на годината е одличен предзнак за нови успеси наредната година. Продолжуваме со нашата мисија, ќе се трудиме да го олесниме деловното работење во претпријатијата преку воведување на модерни информациони технологии како и претходните години,  заедно со Вас – нашите верни корисници – да ги претвориме податоците во профит.

 

Голема чест ни е да работиме со Вас!

 

Localization: MK
DL WebSites
Posted in: Dogodki

Comments

There are currently no comments, be the first to post one!

Post Comment

Only registered users may post comments.

Add Content...