Novice

01

Само уште неколку седмици преостануваат до 50,000-от PANTHEON корисник кој ќе  стане дел од нашето семејство. Чувствуваме дека должиме огромна благодарност не само на 50,000-от корисник, но и на сите други, кои ја следат нашата приказна.

 

Поради тоа, ние одлучивме да подготвиме специјално изненадување за нашиот 50,000-ти PANTHEON корисник. Придружете ни се, и вклучете се на нашата прослава!

 

50,000-от PANTHEON корисник ќе добие ваучер за 2 особи за дводневен престој во преубавиот Загреб!*

 

Како бројот на корисници растеше во изминатите 20 години?

1997 – На почетокот, нашата цел беше да понудиме ERP софтвер кој ќе им овозможи на корисниците добар преглед и ќе им помогне подобро да управуваат со нивните бизнис процеси.

2000 - Ги убедивме првите 1000 корисници.

2004 - Постигнавме 5000 корисници.

2006 - Само 2 години подоцна, 10,000-от корисник се одлучи да пристапи во PANTHEON семејството.

2008 - Брзо потоа постигнавме 15,000 корисници.

2010 - Корисникот со Број 20,000 се вклучи на PANTHEON семејството.

2013 - Бројот 13 не предизвика проблеми, по што го стигнавме до 30,000 корисници.

2015 - Прославуваме 40,000 корисници и понудивме нова генерација од нашето решение, PANTHEON X.

2016 - На крајот на годината посакавме добредојде на 49,000 корисник кој пристапи на нашиот клан.

2017 - По се изгледа во 2017 нема да прославиме само 20 години од Даталаб, но и 50,000 PANTHEON корисници. Постигнување за кое сонувавме назад во 1997. Постигнување кое не движеше напред во 1997.

 

*50,000-от PANTHEON корисник ќе добие викенд престој во Palace Хотелот во Загреб за две особи, кое чини 200 Еур (со вклучен ДДВ). 1 Ваучер за две особи вклучува: 2 ноќи со појадок (Петок до Недела) за две особи во двокреветна соба, ВИП рецепција, Wi-Fi во сите соби, слободна фитнес сала, ран check-in и доцен check-out доколку е возможно. (Ваучерот не ги покрива паркинг местото и туристичката такса).

Организаторот не е одговорен ниту задолжен за било какви оштетувања кои може да произлезат со учеството во изборот. Организаторот исто така не е одговорен за било какви повреди, болести и/или оштетувањаа кои може да произлезат со учеството во изборот. Организаторот, освен за трошоците кои се однесуваат на ваучерот, не покрива други трошоци кои се поврзани со патувањето (на пример, здравствено осигурување во странство, надоместоци, трошоци за виза, итн.).

Победникот ќе го добие ваучерот по пат на епошта, откако ќе достави копија од свој Идентификационен документ. Исто така може да ја подигнат наградата и во просториите на нашата компанија. Наградата неможе да биде заменета за парични средства или било каква друга материјална награда, и не е пренослива на трети лица.

Localization: MK
DL WebSites
Posted in: Dogodki

Comments

There are currently no comments, be the first to post one!

Post Comment

Only registered users may post comments.

Add Content...