News

03

На 27.04.2011 во хотелот “Капри“ - Битола, беше одржана презентација на нашето програмско решение PANTHEON. Во рамки на агендата беа опфатени теми за општото функционирање на PANTHEON, неговата употреба во трговски и услужни претпријатија, како и неговата употреба во производни компании.

Посебен акцент беше ставен на предностите од употребата на PANTHEON, за сметководствените бироа и неговите напредни функционалности во модулот за Финансово работење.

На презентацијата беше прикажана и интеграцијата на PANTHEON, со документ менаџмент системот “Therefore“ (“Canon“), кој на македонскиот пазар го нуди компанијата Генел.

Во рамки на презентацијата се отворија бројни прашања врзани со придобивките од употребата на PANTHEON во компании од различни дејности, како и неговите напредни и модерни функционалности.

По деталната презентација, гостите уживаа во коктелот кој беше организиран  заедно со  нашиот соработник  Димитар Илиевски, на кој сме му благодарни за одличната соработка!


Слика 1: Презентација на PANTEON од страна на Директорот на ДАТАЛАБ МК, г-дин Сашо Јовановски

 

Слика 2: Презентација на PANTEON

 

Слика 3: Презентација на Документ Менаџмент Системот “Therefore“ (“Canon“).

 

Слика 4: Коктел по одржаната презентација

 

Слика 5: Коктел по одржаната презентација

Localization: MK
DL WebSites
Posted in: Dogodki

Comments

There are currently no comments, be the first to post one!

Post Comment

Only registered users may post comments.

Add Content...