marijanik posted on listopada 22, 2018 15:22
Драги корисници на PANTHEON!
Во денешниот деловен свет, сите ние се стремиме да ја поедноставиме и максимизираме автоматизацијата на деловните процеси. Со цел да се постигне ова, често е неопходно меѓусебно да се поврзат различни системи односно апликации.
Во изминативе години, се напишаа многу сценарија кога надворешните уреди или апликации (како онлајн решенија за водење на магацини, управување со документи, решенија за продажба, итн ...) се поврзуваат на PANTHEON и ја искористуваат неговата деловна логика за автоматизација на својте деловни процеси. Уште од 2014 година, за ваквите случаи имаме предвидено во потреба да се користи конектор лиценца, која започна со употреба од 01.01.2015.
Од тогаш, поголемиот дел од корисниците своите поврзувања со надворешните апликации и уреди ги направија со соодветен број на конектор лиценци, но сеуште кај некои претпријатија можеме да согледаме определени неусогласување помеѓу бројот на поврзувања на PANTHEON и купениот број на конектор лиценци.
Со оглед на тоа некои од Вас сеуште ги немаат средено лиценцните разлики, во однос на поврзувањето со наводрешните апликации, уреди или лица на програмот PANTHEON, согласно со член 10.2 за лиценцни договори. Повикуваме најкасно во рок од 30 дена да ги отстраните прекршувањата на лиценците договори поврзани со лиценцните несогласувања помеѓу утврдениот број на поврзувања и потребниот број на конектор лиценци.
Доколку тоа не го извршите до 19. 11. 2018 година, ние во согласност со законот од член 10.2 од договорот за лиценци ќе го оневозможиме пристапот до деловниот програм PANTHEON.
За регулирање на лиценцирани нееднаквости, Ве молиме контактирајте со овластениот партнер или директно јавете се во Даталаб 02 3079 231, како и на нашиот меил info@datalab.com.mk за да пронајдеме соодветно решение.
Localization: MK
DL WebSites: