News

03

Во преполната сала на хотелот “Holiday Inn“, на 20-мај се одржа првата Pantheon конференција (“PanCon“) во Белград.

Убавата традиција која со години ја одржуваме во земјите во регионот, започна да се практикува и во Србија.

“PanCon“ беше прилика партнерите, потенцијалните и постоечките корисници да се запознаат со новостите и плановите на Даталаб на пазарот во Србија, како и активностите на компаниите од партнерската мрежа.

Новостите кои беа претставени во изалгањето на господинот Андреј Мертељ, извршниот директор на Даталаб, во фокусот го имаа развојот на функционалностите во програмот кој ќе им помогне на корисниците порационално да ги користат ресурсите, да ги намалат трошоците од работењето, како и да донесат правилни одлуки врз основа на следењето на финансиските показатели од работењето.

После претставувањето на идните планови, следеа презентации на партнерските решенија.

Свои презентации одржаа - Саша Табаковиќ (“Uridium“), Александар Спремиќ (“Asistent“), Тијана Стојановиќ (“ArtData“), Драгана Крстиќ Медиќ (“Asistent“) и Зоран Дамјановиќ (“ArtData“),

Конференцијата ја завршивме во пријатна атмосфера во ресторанот на хотелот “Holiday Inn“ со ручек и дружење.

 


 

 

 

 

Localization: MK
DL WebSites
Posted in: Dogodki

Comments

There are currently no comments, be the first to post one!

Post Comment

Only registered users may post comments.

Add Content...