marijanik posted on shtator 23, 2019 16:14

Практиканти со целосно работно време
Треба да се отвори нова заработка за практикантска работа:

Во шифра за вид на стаж за осигурување треба да стои шифра 2222 – лице практикант.
Важно! Заработката нема опција за бирање на бруто/нето пресметка, т.е., секогаш смета бруто износ и
поради тоа треба да се внимава да се внесе бруто износ на плата во Персонална мапа / Полиња по желба.
За таа заработка треба да е поврзана нов вид на работа, каде што ќе постојат само 2 придонеси и персонален данок.

За придонесот за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа или
професионална болест може да се корисни шифрата 65 од шифрарникот на придонеси.
Притоа е важно да се означи дека станува збор за придонес: „P-Prispevek“, видот на придонеси е:
„P-Придонеси за ПИО“, а Плаќач е поставено: „Р-Работник“.

За тој придонес, во општината на седиштето на фирмата треба да се додаде вредност на придонесот: 4%

За време на практикантската работа, практикантот има право на месечен надоместок, кој не претставува
плата и кој се исплаќа од страна на работодавачот, во висина којашто се утврдува во нето износ за полно
работно време во зависност од времетраењето на периодот на практикантската работа и изнесува:
- од 42% до 74% од минималната нето плата[1], утврдена согласно закон, за практикантска работа до три месеци и
- надоместокот во висина на минималната нето плата утврдена согласно закон, за практикантската работа над три месеци, сметано од четвртиот месец.
Бидејќи најниската основица за пресметка на социјалните придонеси за 2019 изнесува 18.009 денари и e
повисока од најниската бруто плата од 17.943 денари, се јавува доплата на придонеси со што
пресметаната нето плата од објавениот износ на минимална бруто плата почнувајќи од месец
прил 2019 година изнесува: 12.492 денари.
Поради горенаведеното, потребно е да се отвори нова заработка за разлика до минимална плата.

На заработката за пресметка на разлика до минимална плата која ќе се користи за доплата на
придонеси за практикантска работа (РДП) да стои нов вид на работа (П2) со 2та придонеси за да биде
точна пресметката.

Последно подесување што треба да се направи е на документот за пресметка на плата, да биде
отштиклирана опцијата „Уважи го општото олеснување кај данокот на добивка“, поради тоа
што во овој случај, не се зема во предвид даночното ослободување.
Според ова, пресметката на исплатата на практикантската работа треба да се врши во посебен документ.

Во документот за подготовка на пресметка треба да биде означена опцијата
„Разлика до минимална плата“, за автоматски да се додаде заработката „РДП.“

За точна пресметка во МПИН треба да се симне новата верзија на програмот, поради следните разлики:
- Шифрата за пресметка на плата за практиканти во МПИН е 399 (за разлика од 101 која се
користи кај редовната работа). За корекција треба да користат шифра 393.
- Бруто плата треба да биде во полињата: 3.7, 3.14, 3.13
- Нето плата во поле: 3.31.
http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/716
Практиканти со скратено работно време
Доколку практикантот работи со скратено работно време, важно е да се одбере соодветниот работен
однос во ПМ/Параметри за пресметка на плата.
Само ова подесување е потребно - се користи истата заработка „ПРА“ како и за практикантство со
полно работно време, а во МПИН автоматски во овој случај се запишува шифрата „6666 – лице
практикант со неполно работно време“ како шифра за работен стаж.


Localization: MK
DL WebSites: