marijanik posted on noiembrie 28, 2019 08:14
Министерството за финансии најавува дека примената на прогресивниот данок на личен доход се биде ставена во мирување на 36 месеци. Во овој период, доходот од работа, доходот од самостојна дејност, доходот од авторски и сродни права како и доходот од продажба на сопствени земјоделски производи ќе се оданочува со стапка од 10 проценти.
Во мирување ќе биде ставена и стапката од 15 проценти, што значи дека стапка од 10 проценти ќе се применува и за оданочување на доходот од права на индустриска сопственост, закуп и подзакуп, капитал, капиталните добивки, од осигурување и другиот доход.
Измените на Законот за данок на личен доход се очекува да почнат да се применуваат од почетокот на 2020 година.
Поради горе наведеното, во PANTHEON ќе треба да се направат соодветни промени на подесувањата и тоа:
- да се промени начинот на пресметка на досега прогресивната стапка на данокот на личен доход, т.е. да се избрише стапката од 18%, а активна да биде само стапката од 10%;
- промена на стапката од 15% на 10% при пресметка на доход од капитал, имот или други видови на средства кои ги поседува.
Localization: MK
DL WebSites: