Vesti

16

Даталаб МК се организираше на тој начин каде тимот за поддршка ќе им понуди на клиентите експедитивна и квалитетна помош, дури и во ваква состојба, кога сме изложени на голем ризик на зараза од вирусот КОВИД-19 (Корона).

Во овој момент најважно е да останеме сите здрави, па затоа Даталаб обезбеди Тимот за Поддршка да работи од дома, а истовремено сите консултанти да бидат во можност да обезбедуваат брза и професионална помош на сите наши клиенти.

Работењето од дома овозможува извршување на услугите на сосема ист начин како кога ги извршуваме истите од нашите деловни простории. Малку поразлично се одвива текот на работата на имплементациите на програмот PANTHEON, со новите клиенти, со оглед на тоа дека сите активности се извршуваат виртуелно, преку различни начини на поврзување. Убедени сме дека ваквите мерки се нужно потребни и ќе се потрудиме во овој момент да бидеме ефикасни и на нашите клиенти да им ја понудиме сета помош која им е потребна.

 

 

Localization: MK
DL WebSites
Posted in: PANTHEON™

Comments

There are currently no comments, be the first to post one!

Post Comment

Only registered users may post comments.

Add Content...